Црна хроника
Уапсено лицето што ја гаѓаше со јајца колоната на премиерот Груевски во Тирана
Албанските медиуми јавија дека полицијата го уапсила во саботата лицето кое фрлило јајца врз автомобилот на македонскиот премиер Никола Груевски во петокот попладне во албанската престолнина Тирана
Станува збор за Таулан Цапа кој изјавил дека тоа го направил поради, како што рекол негирање на правата на Албанците во Македонија. Дел на медиумите во Тирана наведуваат дека Цапа е дебарчанец, односно дека потекнува од Македонија.
Во петокот првично беше јавено дека неколку радикални лица фрлиле со јајце и пластично шише по колоната во која во петок низ улиците на Тирана се движеше автомобилот на премиерот Никола Груевски, кој се наоѓа во официјална посета на Албанија.
Според медиумите, најверојатно станува збор за припадници на црвено-црната Алијанса, кои неодамна правеа провокации на македонското малцинство во Албанија.
Медиумите во Тирана денеска, исто така, јавија и за неколку инциденти кои се случиле во петокот попладне ни ноќта во албанскиот главен град за време и по посетата на премиерот на Македонија, Никола Груевски на Албанија .
Новинската агенција Balkanweb, потврди дека на централниот плоштад во Тирана биле запалени македонски знамиња од засега, како што се вели во информација, неидентификувани лица.
Знамињата на Република Македонија во Тирана беа поставени во чест на посетата на македонскиот премие, кој престојуваше во Албанија на покана на албанскиот премиер Сали Бериша.
Во саботата македонското министерство за надворешни работи упати остар протест до албанските колеги, поради инцидентите за време на посетата на премиерот Груевски на Тирана, особено за палењето на државните знамиња на Република Македонија и побара остра осуда на овие инциденти, а воедно во министерството беше повикан на разговор албанскиот амбасадор во Скопје./крај/мф/сн/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

