Црна хроника
Штипјанец „оперирал“ по коли во центарот на Скопје
Кривична пријава против 53-годишен штипјанец поднесе во саботата скопската полиција, поради основано сомневање дека вршел кражби од патнички автомобили во центарот на Скопје.
Полицијата го уапсила осомничениот поради сознанија дека извршил две кражби, но во разговор со него тој признал дека во изминатите 45 дена на подрачјето на Центар, во близина на хотел „Холидеј Ин„ и паркинг плацовите пред аптека ЗЕГИН извршил уште 10 кражби.Крадецот одземал пари и разни предмети кои потоа ги продавал на непознати луѓе, а дел од парите ги менувал во девизи.Станува збор за лицето Љ.Ј. (53) од Штип, кој во евиденцијата на штипската полиција минува за повеќе сторени кривични дела и тоа „тешка кражба“, “кражба“ ,“одземање на МВ“ и “измами“. При извршениот личен преглед кај Љ.Ј. пронајдени биле три банкноти од 50 евра, две банкноти од 100 долари, две банкноти од 1.000 денари и други ситни пари денари и девизи, како и поголем број на разни клучеви од возила, пар наочари, полначи за мобилни телефони, три мобилни телефони, картички од мобилни телефони и паричник, кои потекнуваат од извршени кривични дела – “тешки кражби“. Пријавениот кажал дека во Скопје престојувал на непознати места, односно немал средства за егзистенција, немал постајано место на живеење и бил принуден да врши кривични дела со цел да се прехрани. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Едно лице загина во сообраќајна несреќа кај Кучевиште
Едно лице загина, а друго е повредено во сообраќајна несреќа што се случила вчера на локалниот пат с.Кучевиште- с.Кучевишка Бара.
Во несреќата учествувале патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.П.(65) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ж.С.(57) од с.Кучевиште, скопско.
На местото на несреќата починал возачот на патничкото возило „форд“ В.П., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
Со телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „фолксваген голф“ Ж.С., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција, а извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Пијан 36-годишник од Кичево се однесувал агресивно во казино, двајца охриѓани се истепале во друго казино
Рано утрово, во 04:55 часот во СВР Охрид е пријавено дека во казино на улицата „Абас Емин“ во Охрид бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Л.У.(35) и М.„Н“, двајцата од Охрид. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок, извести СВР Охрид.
Исто така ноќеска во 03:10 часот на улицата „Тане Цалески“ во Кичево, полициски службеници го приведоа 36-годишниот Р.С. од Кичево, постапувајќи по претходна пријава дека во казино во Кичево агресивно се однесувал кон вработените. По преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,06 промили алкохол во крвта. Тој е спроведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Без одобрение изградила пристапен пат и поставила армирана бетонска пристапна рампа: кривична пријава за охриѓанка
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Р.(40) од охридското село Велгошти.
Таа се сомничи за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“.
Имено на катастарска парцела во државна сопственост во атар на истото село, таа без одобрение изградила пристапен пат и поставила армирана бетонска пристапна рампа. Врз основа на констатираната состојба, овластен градежен инспектор изготвил решение за нивно отстранување.

