Црна хроника
Двајца скопјани осомничени дека пукале кон сведокот од „Детонатор“
Двајца скопјани се осомничени дека во неделата вечерта околу 22.50 часот пукале кон Драганчо Стоименов, сведокот во случајот „Детонатор’.
Токму Стоименов во полициска станица посочил дека двајцата скопјани на возраст од 29 и 32 години пукале кон него.
Засега од полицијата не ги поврзуваат напаѓачите со обвинетите од „Детонатор“. И двајцата и се претходно познати на полицијата, биле пријавувани во тепачки насилства. Напаѓачите засега се во бегство, но полицијата најавува пријави доколку се докаже дека токму тие го нападнале Стоименов.
Ова е четврти обид за убиство на Стоименов, откако два пати во близина на неговиот автомобил беше поставена експлозивна направа, а еднаш бил мета на првообвинетиот од случајот Детонатор.
Во судскиот процес „Детонатор“ им се суди на вкупно 16 лица од Виница, Кочани и Штип, двајца од обвинетите се во бегство.
Обвинителството ги гони за обид за убиство, злосторничко здружување, перење пари, затајување на данок, лихварство, насилство и измама.
Оштетениот Драганчо Стоименов, пред судот тврдеше дека имал сознанија дека бил прв на црната листа за ликвидација, што ја имале обвинетите./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанка со нож нападната од нејзиниот татко
На 02.03.2026 во 18:45 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена од Скопје пријави дека околу 15:00 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот 79-годишен татко, кој со остар предмет и упатувал закани, при што сам се повредил од невнимателност.
Во 20:00 часот, според полицијата, 79-годишен маж од Скопје пријавил дека околу 15:00 часот во семејниот дом неговата ќерка насилно му го одзела мобилниот телефон, при што почнале меѓусебно да се туркаат, а неговиот зет физички го нападнал.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Загина жена од Злетово: ја прегазил „мерцедес“
Вчера во 15:33 часот во ОВР Пробиштип е пријавено дека на ул.„Пониква“ во Злетово, на место викано „Клапчово маало”, Р.З.(50) од с.Неокази, пробиштипско, управувајќи патничко возило „мерцедес“ со пробиштипски регистарски ознаки, удрил во пешакот З.А.(59) од с.Злетово, пробиштипско.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починала З.А., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По наредба на јавен обвинител, телото на почината е предадено на Судската медицина за обдукција.
Полицијата соопшти дека е извршен увид од увидна екипа на ОВР Пробиштип.
Црна хроника
Уапсен Турчин: во патничко возило превезувал пет лица мигранти
Вчера вечер во 23:00 часот на локалниот пат Гевгелија-Граничен премин Богородица, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гевгелија го лишија од слобода 46-годишниот Ф.С. од Република Турција.
При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „дачија“ со албански национални ознаки, кое го управувал, при што во возилото биле затекнати пет лица мигранти, од кои четири лица од Авганистан и едно лице од Турција.
Лицето е приведено изадржано во Полициската станица Гевгелија, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

