Црна хроника
Момчето што дивееше низ Хиподром доби 15 години затвор
Скопјанецот Харис Бекири, кој во март годинава со автоматска пушка пукаше низ скопската населба Хиподром и рани три лица, доби 15 години затвор.
Високата затворска казна беше образложена со тоа што Бекири одговара за пет кривични дела, убиство во обид, кражба, недозволено поседување оружје, предизвикување општа опасност и напад врз службено лице.
Дваесетгодишното момче во март годинава пукаше каде ќе стигне, прво низ неговата населба, а потоа и во три возила што се движеле по автопатот Скопје- Куманово. Тој лично им се извини на оштетените и рече дека се кае.
Бекири се бранеше дека се бранел од некој што сакал да го убие од возило во движење. Зел пушка која ја нашол на тревникот и почнал да пука, но пред судот тврдеше дека не се сеќавал на ништо. Тврдеше дека бил цел на напад, што не му се случувало првпат, бидејќи бил муслиман./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

