Контакт

Црна хроника

Спречен обид за шверц на злато и сребро преку ГП „Богородица“

Објавено пред

Цариниците од Одделението за оперативни работи спречија обид за криумчарење на 1.300 грама необработено злато во прав и 800 грама необработено сребро во форма на прав.

dobivaj vesti na viber

Во саботата за излез од државата се пријавил автобус „Mercedes“ со турски регистарски таблички кој сообраќал на редовна линија Струга-Истанбул.

При контрола на автобусот, во неговиот преден дел до влезната врата и тоа во ормарот што го користат возачите за сопствени потреби, во црна најлон ќеса ставена во задниот дел од ормарот била пронајдена темно кафена прашкаста материја (струготини-отпадок од злато) со тежина од 1.300 грама и сиво-бела прашкаста материја (хемиски елемент за топење на благородни метали) со тежина од 800 грама. Извршената анализа, покажала дека едната прашкаста материја содржи благороден метал злато, а другата прашкаста материја содржи благороден метал сребро.

Во понатамошната истрага, царинските инспектори откриле дека возачот со иницијали Е.Т од Република Турција ја презел пратката од непознато лице за одреден надомест со цел да ја однесе во Истанбул.

Возачот, кој е турски државјанин, е приведен и предаден пред истражен судија и му е одредена мерка притвор во рок од 30 дена.

Покрај тоа, во понеделник на истиот граничен премин, царинските службеници спречија и обид за нелегален влез на околу пет килограми сребрен накит.

Во раните утрински часови, за влез во државата се пријавил автобус со турски регистарски ознаки, кој сообраќал на релација Истанбул – Скопје.

Откако патниците и возачите изјавиле дека немаат ништо за пријавување за царинска контрола, царинските службеници селектирале за детална контрола двајца патници во автобусот (мајка и син), жители на Арачиново.

При извршениот личен претрес и контрола на патните торби на жената, царинските службеници откриле вкупно 4.520 грама сребрен накит, од кои две ќесички со 133 сребрени нараквици, со вкупна маса од 1.220 грама, сокриени во нејзиниот градник, една ќеса со 515 сребрени обетки, прстени приврзоци и синџирчиња, со вкупна маса од 1.260 грама, сокриена во патна торба, помеѓу личните работи, две ќеси со 947 сребрени обетки, прстени, приврзоци и синџирчиња, со вкупна маса од 2.040, сокриени во рачната чанта.

При контрола пак, на патната торба на мажот, завиткани во фармерки, биле пронајдени две ќеси со 87 машки сребрени прстени со вкупна маса од 667 грама.

Вредноста на откриениот сребрен накит се проценува на околу 330 илјади денари.

Против прекршителите, Царинската управа ќе поднесе соодветни пријави за утврдување на нивната одговорност. /крај/со/ст

Црна хроника

Малолетник тешко повреден во сообраќајка на патот Прилеп–Македонски Брод

Објавено пред

Ноќеска во 02:00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Прилеп–Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила.

dobivaj vesti na viber

Според информациите, несреќата се случила меѓу „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.И. од село Дебреште, и „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Ш. од истото село.

По несреќата, 17-годишен сопатник од возилото „ауди“ бил пренесен во Градска општа болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Македонски Брод.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Пријавени тепачки во Шуто Оризари

Објавено пред

Во СВР Скопје било пријавено дека на 24.02.2026 година на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија помеѓу двајца малолетници, повеќе лица физички нападнале еден од малолетниците.

dobivaj vesti na viber

Според пријавата, во инцидентот учествувале М.Х. (22), И.Х. (23) и Р.Х. (46).

Подоцна било пријавено и нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.З. (54) и Р.З. (36) од една страна, и М.Х. и И.Х. од друга страна, сите од Скопје.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Жена пријавила физички напад од вонбрачен партнер во Драчево

Објавено пред

Дваесет и двегодишна жена пријавила во СВР Скопје дека била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер.

dobivaj vesti na viber

Според пријавата, на 27.02.2026 година околу 12:00 часот, во дом на подрачјето на Драчево, таа била нападната од С.С. (22) од Скопје. Случајот бил пријавен во полиција во 16:30 часот истиот ден.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи

Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али...

Свет26 минути

(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб. BREAKING: Iranian drone...

Свет58 минути

Трамп: Ајатолахот е мртов

Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака: „Во возвишеното име на...

Свет1 час

(Видео) Погоден аеродромот во Дубаи, евакуацијата е во тек

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport. Evacuations are underway at the...

Свет2 часа

(Видео) Американците објавија снимки од операцијата „Епски гнев“: „За прв пат употребивме ново оружје“

Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека нема извештаи за американски жртви или повредени по нападот во Иран и дека...

Свет2 часа

Иран ги демантира извештаите за смртта на ајатолахот

Ирански извори остро негираа дека ајатолахот Али Хамнеи е убиен. „Можам да ве уверам дека лидерот на револуцијата е стабилен...

Македонија3 часа

Претседателката за утре го свика Советот за безбедност

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за...

Свет3 часа

(Видео) Нетанјаху: Постојат многу знаци дека ајатолахот е мртов

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им се обрати на иранскиот народ, велејќи им дека имаат „можност што се јавува еднаш во...

Свет3 часа

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов, тврдат Израелците

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов и неговото тело е пронајдено, изјави за Ројтерс висок израелски функционер. We...

Свет6 часа

(Видео) Погоден е аеродромот во Кувајт, гори хотел во Дубаи

САД и Израел го нападнаа Иран утрово. Најмалку три експлозии се слушнаа во Техеран, главниот град на Иран, а беа...

Македонија7 часа

Евакуација од Израел побарале 11 македонски државјани

Единаесет македонски државјани досега побарале евакуација од Израел, откако утринава САД и Израел го нападнаа Иран, соопштија од Министерството за...

Свет7 часа

ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран

Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна...

Свет12 часа

Четири американски воени бази на Блискиот Исток нападнати од Иран

Иранската војска вели дека започнала напади врз четири американски воени локалитети во Катар, Бахреин, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати како...

Свет13 часа

Се откажуваат летови до Израел и други земји од Блискиот Исток

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ ги суспендира летовите до и од Тел Авив, Бејрут и Оман до 7 март, откако САД и...

Македонија14 часа

Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел да побараат помош, воздушниот сообраќај е затворен за цивилни летови

Во врска со последните информации за влошената безбедносна состојба во Израел, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до...

Свет14 часа

Трамп потврди дека САД започнале напади врз Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потврди дека САД започнале напади врз Иран во осумминутно видео објавено на неговиот профил на...

Свет15 часа

САД и Израел започнаа заеднички напад врз Иран

САД учествуваа во нападите утрово во Иран заедно со Израел, потврди американски функционер за „Тајмс оф Израел“. Според израелски безбедносен...

Свет16 часа

Израел го нападна Иран и прогласи вонредна состојба

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Израел започнал превентивен напад врз Иран за да ги отстрани заканите за...

Македонија1 ден

Движење ЗНАМ: Иницираме кратење на пратеничкиот состав од 120 на 90 во новото решение на Изборниот Законик

Потпретседателката на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, Весна Бендевска, на првата конститутивна седница на работната група за реформи во изборното...

Македонија1 ден

Уапсен тетовец: осомничен за лажни дојави за поставени бомби во образовни институции

Утрово во 09:10 часот во с.Палатица, тетовско, полициски службеници од одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството...