Црна хроника
Напаѓачот на пожарникарите во САД сакал „да убива , бидејќи тоа го прави најдобро“
Американецот Вилијам Спенглер џуниор се вооружил во понеделникот наутро со пушка, револвер и сачмарка и тргнал во крвав поход, а и претходно убивај, пишува во средата The New York Times.
Со голема омраза кон сестра си со којашто живеел и со желба да им наштети на соседите, Вилијам Спенглер џуниор направил груб план од кој можело да се насети што ќе се случи.
„Сега доправа треба да се види колку соседства може да се запалат и да се занимавам со ова што најмногу го сакам – убивањето“, напишал е 62-годишниот Спенглер во порака којашто полицијата ја пронашла откако во понеделникот уби двајца пожарникари и рани уште двајца кои се на интензивна нега, во американското гратче Вебстер во сојузната држава Њујорк.
Според полициското досие, Спенглер пред 32 години во куќа во Лејк Роуд на брегот на езерото Онтарио со чекан ја убил својата баба.
Во вторникот полицијата на списокот негови жртви ја додала уште една најверојатна, откако во неговата куќа се пронајдени „човечки останки“, а се верува дека станува збор за Черил Спенглер, неговата 67-годишна сестра.
Меѓу братот и сестрата имало толку голема омраза што живееле на спротивните краеви на истата куќа, изјави за локалните медиуми нивен поранешен сосед Роџер Веркруиз. „Ја мразеше сопругата, но мајката ја сакаше“, додал соседот. Додал дека кога мајката Ајрлин Спенсер била сместена во соседниот дом за стари лица, Вилијам секојдневно ја посетувал, а откако починала на 7-ми октомври годинава во 91 година од животот, сестрата Черил ангажирала адвоката за наследство на куќата.
Убиецеот Вилијам Спенглер во 1980 година, кога имал 30 години ја убил сопствената баба. На мајка си и’ рекол дека ја нашол на скалилата, ја прифатил спогодбата и е осуден за убиство од небрижност на 17 години затвор. Од затворот излегол во 1998 година и се вратил дома.
Утрото на католички Бадник, Спенглер го запалил автомобилот, а кога пожарникарите пристигнале почнал да пука од пушка „Bushmaster“ калимар 223 мм, исти тип полуавтоматско оружје со коешто десетина дена претходно 20-годишниот Адам Ланза го изврши масакрот во училиштето „Сенди Хук“ во гратчето Њутаун во државата Конектикат, кој уби 26 лица, од кои дваесет деца на возраст од шест и седум години./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Седумдесет и петгодишен маж е најден починат во шахта
Седумдесет и петгодишен маж вчера е пронајден починат во шахта за водовод во гостиварското село Дебреше, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Вчера попладне С.Р., жител на Дебреше во полиција пријавил дека во шахта за водовод лоцирана во куќата на неговиот братучед го пронашол починат неговиот вујко А.Џ. (75)“, се вели во полициското соопштение.
На местото на настанот, увид извршиле јавен обвинител и екипа на криминалистичката полиција.
Телото на починатиот е предадено на обдукција, со цел да се утврдат точните причини за смртта.
Црна хроника
При контрола на СВР Тетово, одземени ножеви и боксирач од деца
Министерството за внатрешни работи информира дека се одземени ножеви и боксирач од малолетници при вчерашната акциска контрола на СВР Тетово спроведена во периодот од 14:00 до 16:00 часот во угостителски објекти на подрачјето на Тетово.
-При контрола во угостителски објект на улица „Љубо Божиновски Пиш“, кај 17-годишен малолетник биле пронајдени и одземени неколку ножеви и метален „боксирач“. Истовремено, при контрола во објект во склоп на Спортскиот центар, кај двајца малолетници биле пронајдени и одземени ножеви, се наведува во соопштението на МВР.
Од МВР посочуваат дека сите малолетници се приведени во полициска станица во присуство на родители, а по целосно документирање на случајот биле предадени на нивните родители.
Црна хроника
Возач на комбе не забележал човек зад возилото, го удрил и тешко го повредил
Од Министерство за внатрешни работи информираат дека на 30 јануари 2026 година, околу 16:00 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во кругот на објект во изградба на подрачјето на Ѓорче Петров се случила несреќа со тешки последици.
Според пријавата, М.Д., управувајќи товарно возило – комбе, при движење наназад не го забележал Д.З. (51) од Скопје, кој се наоѓал покрај ограда зад возилото, при што го удрил. Повредениот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

