Црна хроника
Американски студент со ќотек сакал да ја врати сопругата во Македонија
Дваесет ичетири годишниот Лирим Руфати е уапсен во Вест Гошин во Пенсилванија и против него е покренато обвинение за силување на неговата 22-годишна сопруга и присилување да се врати во Македонија, објавија американските медиуми.
По едногодишно малтретирање, тепање и силување на сопругата, која одбивала да има односи со него, Руфати на 3-ти јануари ја однел на њујоршкиот аеродром „Џон Ф. Кенеди“, и дал авионски билет за Македонија и ја присилувал да замине од САД.
Во моментот кога жената се оддалечила од Руфати, наместо да се качи во авион, случајот го пријавила во полиција, и со нивна асистенција била вратена дома.
Според исказот на Руфати, родум од Њу Џерси, тој во 2011 година бил во Македонија за склучување на претходно договорен брак меѓу неговиот вујко и таткото на жената.
„Кратко по венчавката, тој почнал физички да ја напаѓа и и се заканувал секогаш кога ќе се налутел. Таа не можела да го напушти“, стои во полициските белешки.
Жената, чиј идентитет не се открива, живеела во стан во Вест Гошин, заедно со Руфати, неговиот татко и брат.
Меѓу причините што жената ги навела зошто досега не ја контактирала полицијата, бил стравот дека „ќе нанесе голем срам на нејзиното семејство доколку замине“.
Но, за постојаното малтретирање, жената на слаб англиски јазик им се пожалила на соседите.
На 2-ри јануари тие слушнале кавга, по што повикале полиција, а жената била однесена во хотел.
На 3-ти јануари, соседите повторно ја повикале полицијата и рекле дека жената против своја волја е однесена на њујоршкиот аеродром, како казна зошто за малтретирањата дознала полицијата.
Руфати е притворен во затворот на округот Честер и му е одредена кауција од 250.000 долари. /крај/мф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип
Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба
Вчера во 10:05 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(43) од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

