Црна хроника
Непознат уби едно и рани две лица во деловна зграда во Феникс
Напаѓач отворил оган ноќта кон четврток по македонско време врз луѓе во деловна зграда во административниот центар на американската држава Аризона, Феникс, при што едно лице починало а најмалку уше две други лица се ранети, јави интернет изданието на весникот USA Today, повикувајќи се на локалните в
Според очевидци, напаѓачот успеал брзо да избега од местото на инцидентот со автомобилот со бела боја. Тие рекле дека станува збор за белец на околу 70-годишна возраст, а мотивите за нападот не се јасни. Жртвата која починала во нападот, исто така, не е идентификувана.
Полицијата во средата попладне по локално време влегла во дом поврзан со осомничениот за нападот, но припадниците на специјалните единици од таму излегле по само неколку минути без инцидент и без осомничениот, изјавил претставникот на полицијата на Феникс, поручникот Стив Мартос. Според него, полицијата влегла во домот на осомничениот набрзо по нападот.
Според очевидци се слушнале пет-шест истрели, четири лица биле изнесени на носилки, а на местото од нападот биле упатени педесетина полициски возила, зградата е целосно блокирана од полициски сили. Исто така, имало и седум-осум противпожарни возила и специјални единици.
Пукањето се случило во лобито од деловната зграда којашто во декември 2011 година била купена за повеќе од 10 милиони долари во готово, и 85 отсто била под закуп од 15-ина фирми, од осигурителниот бизнис, од компании за здравствена заштита и адвокатски канцеларии./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.

