Црна хроника
Македонец сакал да изнесе 25.000 евра од земјава
Царинските службеници од граничниот премин „Богородица“, во четвртокот спречија обид за нелегално изнесување на 25 илјади евра.
Околу 22 часот во четвртокот, на граничниот премин „Богородица“ за излез од Република Македонија се пријавило лице со македонско државјанство, возач на празен -ладилник, сопственост на фирма од Арачиново. Возилото и возачот биле селектирани за детална контрола.
При личен претрес на возачот, во внатрешниот џеб од јакната пронајдени се 13.000 евра, а помеѓу панталоните и појасот, пронајден е уште еден пакет со 12.000 евра, односно вкупно 25 илјади евра.
Во текот на службениот разговор, возачот изјавил дека парите не се негови, туку му биле дадени од газдата да ги предаде на фирмата каде што требало да товари зеленчук и дека не знаел колку пари има во пакетите.
Согласно Законот за девизно работење вратени му се 770 евра за кои изјавил дека се негови пари, а останатите 25.000 евра се привремено задржани.
Против лицето е покрената прекршочна постапка./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.

