Црна хроника
Арамии ограбиле казино, златара, маркет и училиште
Две маскирани и вооружени лица влегле во казиното „Ројал“ во Тетово во среда наутро, при што под закана на оружје одзеле околу 197.000 денари.
Во исто време во Кавадарци, двајца арамии упаднале во „Златара Перо“, од каде украле околу 100 часовници. Додека краделе, биле забележани од полицаец, кој повикал засилување. Крадците започнале да бегаат, а еден од нив бил фатен од случајни минувачи и предаден на полицијата.
Во вторник вечер, две маскирани лица влегле во „Кам Маркет“ во Чаир и со закана со пиштол извршиле разбојништво над тројца вработени, одземајќи 44.000 денари од дневниот промет.
Кражбе била извршена и во ОУ „Дитурија“ во селото Сарај, од каде биле украдени три компјутера.
Во сите случаи полицијата трага по сторителите. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.

