Црна хроника
Уапсена со 31 илјади долари во желудник
Во Панама седмицава на меѓународниот аеродром Токумен уапсена е државјанка на Гватемала со повеќе од 31 илјада долари во капсули кои ги проголтала, соопшти полицијата во четвртокот.
Жената, на 44 годишна возраст поради сомнително однесување аеродромот била упатена на дополнителна контрола при што е откриено дека во желудникот има најмалку 39 капсули со повеќе од 31 илјада балбоаси, панамска валута кои е врзана со американскиот долар во однос 1:1, прецизираше панамската полиција во соопштението.
Истрагата очекува жената „во болницата да го заврши исфрлањето на сите капсули“ за да ја одреди точната сума пари коишто ги пренесувала, се додава во полициското соопштение./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдено црквено sвоно од бронза од црквата „Св. Спас“ во с. Орман
Во СВР Скопје вчера во 08:45 часот Љ.Д.(64) од с.Орман, скопско, пријавил дека на 01/02.12.2025 било одземено црквено sвоно од бронза од црквата „Св.Спас“ во с.Орман.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со повреди и опекотини по телото двегодишно дете задржано во штипската болница: повредите ги забележала тетка му
Синоќа во 19:11 часот во СВР Штип, Ј.Д.(28) од Штип пријавила дека на нејзиното двегодишно внуче од брат забележала повреди и опекотини на телото.
Детето било задржано на Детското одделение во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат надлежните.
Црна хроника
Со багер ископал коски, кои личеле на човечки, во кругот на студенстки дом во Скопје
Вчера во 12:03 часот во СВР Скопје, Г.Ј.(39) од Пехчево пријавил дека при извршување работни задачи – ископ со работна машина багер, во близина на стари гробишта во кругот на Студентски дом „Стив Наумов“, на подрачјето на Гази Баба, пронашол коски кои наликувале на човечки.
Полицијата соопшти дека по насоки на јавен обвинител коските биле предадени на вештачење.

