Црна хроника
Двајца загинати на патот Куманово – Крива Паланка
Две лица загинаа откако патнички автомобил се судрил со автобус, се превртел и излетал на патниот правец Куманово – Крива Паланка.
Загинатите се Далбор Р. (27) од селото Пелинце и сопатникот Игор Ѓ. (27) од Куманово.
Според информациите на полицијата, несреќата се случила во петокот околу 06:50 часот, во близина на местото викано „Смилчинци“. Автомобилот „Форд Фиеста“ во кој се превезувале загинатите поради неприлагодена брзина, поледица и навев на коловозот, удрил во автобус со штипски регистарски таблички. Од ударот патничкото возило се превртело и излетало од патот.
Увид на лице место извршија Истражен судија од ОС Куманово, Јавен обвинител од ОЈО Куманово и увидна екипа од СВР Куманово. Смртта на двете момчиња ја констатирал лекар од Медицински центар Куманово. /крај/мф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.

