Црна хроника
Поради сквернавење гроб, кривична пријава за сценографот на „До Балчак“
Битолската полицијата поднесе кривична пријава против 75-годишниот српски сценограф М.Ј. и тројца жители на селото Врбјани, осомничени за сквернавење на гроб за време на снимањето на филмот „До Балчак-Приказна од дивиот исток“.
Осомничениот српски државјанин во јули 2012 година, во кругот на Црквата „Света Недела“ во Битола, за време на снимање на сцена од филмот, ги поттикнал тројцата жители на Врбјани, инаку ангажирани како мајстори за сценографија, да ги отстранат илинденските споменици од гробовите на војводите Димко Николов и Александар Турунџев, по што врз гробот на војводата Николов поставиле друга плоча што ја нашле во непосредна близина. /крај/мф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.