Црна хроника
Болт поразен на стартот од сезоната
Најбрзиот човек на светот, Усеин Болт, е поразен на првата трка во новата сезона, откако на трката на 400 метри, во Кингстон заврши на третото место.
Болт, трката ја заврши зад Ворен Вир и Јохан Блејк, иако во квалификациите за Кемпердаум класик имал најдобро време. Вир, кој на ОИ во Лондон, го освои третото место на 200 метри, победи со време 46,21 секунда, што е негов личен рекорд на 400 метри. Болт, освојувач на шест златни олимписки медали и апсолутен владател на патеките на 100 и 200 метри, на почетокот од сезоната, многу често настапува на 400 метри за да ја подигне својата форма. Јамајканецот истакнал дека оваа сезона целта ќе му бидат златните медали на 100 и 200 метри, како и штафетата 4×100 метри на Светското првенство, кое во август ќе се одржи во Москва. Најбрзиот човек на свтетот, следната недела, ќе биде специјален гостин на кошаркарскиот ‘Ол Стар’ натпревар, кој на 17.февруари ќе се одигра во Хјустон. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.

