Црна хроника
Поднесени вкупно 268 кандидатури за градоначалници
Вкупно 268 кандидатури за градоначалници и 350 советнички листи се поднесени за престојните локални избори, соопшти Државната изборна комисија.
Од нив 25 се независни кандидати за градоначалници, а 93 советнички листи.
Во меѓувреме, Комисијата за верификација на фактите ги прегледува листите со кандидати за локалните избори доставени од Општинските изборни комисии. Една третина од кандидатите се веќе проверени од претходниот период, додека списоците за останатите ќе бидат доставени на до органите кои ќе треба да проверат дали некој од нив соработувал со тајните служби.
Откако СДСМ и неколку партии ги бојкотираа изборите, според објавените кандидатури во одредени градови главните конкуренти на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат кандидатите од Социјалдемократската унија на Лазе Еленовски и Социјалдемократската партија, на Бранко Јаневски./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.

