Црна хроника
Прегазен пешак кај битолско Кравари
Возач на автомобил „ауди“ со битолски регистерски ознаки во средата поладне кај битолско Кравари изгубил контрола врз возилото кое удрило во 51 годишен пешак, кој е задржан на болница во Битола.
Возач на автомобил „ауди“ со битолски регистерски ознаки во средата поладне кај битолско Кравари изгубил контрола врз возилото кое удрило во 51 годишен пешак, кој е задржан на болница во Битола. Во битолската полиција случајот е пријавен во 16:30 минути, а незгодата се случила пет минути пред тоа, на патот Битола кон државната граница кон Грција, на 200 метри пред текстилната фабрика „Конингтон“, пренесува битолската телевизија Тера. „Ауди“-то Б4 било управувано од битолчанец, а се движело од државната граница кон Битола. На критичното место изгубило контрола на патот и преминало на левата страна на коловозот и надвор од коловозот удрил во пешак, исто така, битолчанец. Повредениот пешак веднаш бил пренесен на клиниката во Битола на одделението за неврохиругија, каде се констатирани телесни повреди, потрес на мозокот, набиеници по телото и е задржан на лекување. Фотографиите ги направи лице кое пристигнало на местото кусо време по несреќата./крај/мф/сн
Возач на автомобил „ауди“ со битолски регистерски ознаки во средата поладне кај битолско Кравари изгубил контрола врз возилото кое удрило во 51 годишен пешак, кој е задржан на болница во Битола.
Во битолската полиција случајот е пријавен во 16:30 минути, а незгодата се случила пет минути пред тоа, на патот Битола кон државната граница кон Грција, на 200 метри пред текстилната фабрика „Конингтон“, пренесува битолската телевизија Тера.
„Ауди“-то Б4 било управувано од битолчанец, а се движело од државната граница кон Битола. На критичното место изгубило контрола на патот и преминало на левата страна на коловозот и надвор од коловозот удрил во пешак, исто така, битолчанец.
Повредениот пешак веднаш бил пренесен на клиниката во Битола на одделението за неврохиругија, каде се констатирани телесни повреди, потрес на мозокот, набиеници по телото и е задржан на лекување.
Фотографиите ги направи лице кое пристигнало на местото кусо време по несреќата./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.

