Црна хроника
Верижен судар кај Кадрифаково, загина една жена
Во верижен судар, загина 74-годишната Ж. Д. од Свети Николе, а пет луѓе се повредени, соопшти полицијата.
Верижна сообраќајна несреќа се случила во вторник вечерта на регионалниот пат Миладиновце – Свети Николе, во близина на селото Кадрифаково.
Во несреќата учествувале четири моторни возила, и тоа, трактор со кој управувал 50-годишен жител од Свети Николе, комбе „Фолксваген” кој го возел 33-годишен штипјанец, автомобил „Форд мондео” со кој управувал 23-годишен штипјанец и камион „Фиат дукато” кој го возело 27-годишно лице.
Жената што почина се возела на тракторот, а останатите учесници во сообраќајната несреќа поминале со полесни повреди, при што на сите им е укажана медицинска помош.
Полицијата извршила увид на местото и работи на расчистување на околностите кои довеле до несреќата./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
По расправија за паркинг во Карпош, ѝ се заканувал со остар предмет на 19-годишна девојка
По расправија за паркинг во Карпош, едно лице ѝ се заканувало со остар предмет на 19-година девојка.
Вчера, во 18:00 часот во СВР Скопје, Ј.Ј.(19) од с.Ново Село, скопско, пријави дека во 15:00 часот на паркинг на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање за паркинг место, едно лице ѝ се заканувало со остар предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/илустрација
Црна хроника
Пријава против 40-годишник за напад врз две малолетнички во Пробиштип
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против А.Ј. (40) од Злетово поради постоење основи на сомнение за кривичното дело „насилство врз дете“.
Според пријавата, на 07.11.2025 во Пробиштип, пријавениот физички нападнал две малолетнички.
Црна хроника
Ограбена жена на улица во Чаир
Вчера во 18:20 часот во СВР Скопје, С.Б.(55) од село Кучевиште, скопско, пријавила дека е ограбена на подрачјето на Чаир.
Според информациите на МВР, жената пријавила дека завчера околу 15:30 часот на подрачјето на Чаир, едно лице од чантата ѝ го одзело паричникот со пари и лични документи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

