Црна хроника
Комбе удрило во контејнери, возачот починал

Скопјанец загина во тешка сообраќајна несреќа во петокот околу 21 часот на улица Теодосиј Гологанов во Скопје.
Педесетгодишниот Тодор Г. со комбе „фолксваген“ удрил во контејнери и починал.
Тој бил пренесен во ургентниот центар во Скопје, но таму била констатирана смрт.
Извршен е увид на лице место и се утврдуваат причините за сообраќајката./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Вработен во ЕВН нападнат во Сарај

Е.А.(20) од с.Глумово, скопско, пријавил дека околу 12.05 часот во с.Сарај, скопско, додека извршувал работни задачи како вработен во ЕВН Македонија, бил физички нападнат од едно машко лице.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.
Црна хроника
Скопјанец нашол рачна бомба во својот двор

А.С.(47) од Скопје пријавил дека во неговиот двор на улицата Методија Андонов Ченто во Скопје пронашол експлозивна направа.
Полициски службеници од Полициската станица Гази Баба излегле на местото и било констатирано дека се работи за рачна бомба, стар модел, која била кородирана.
Известена била и Единицата за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи при МВР.
Црна хроника
Кумановка (18) удри во бетонска жардиниера со мопед, пренесена во болница

Осумнаесетгодишната кумановка А. Н., управувајќи мопед „кимко“, со кумановски регистарски ознаки, изгубила контрола и удрила во бетонска жардиниера.
Во несреќата добила тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Куманово.
Извршен бил увид.