Црна хроника
Притвор за двајца вработени во поштата во Битола, која викендов беше ограбена
Притворени двајца вработени во поштата во Битола којашто викендов беше ограбена, соопшти МВР.
Главниот благајник во поштата направил кусок, а контролорот наместо да направи записник, го уценувал и му барал пари.
На почетокот од минатата година контролорот забележал дека благајникот има кусок во касата од 782.908 денари. Наместо да направи записник, контролорот неколку пати му побарал пари за да го скрие кусокот. За прикривањето контролорот добил 953.066 денари, при што Македонски пошти ги оштетиле за 1.735.974 денари.
Полицијата, пак, сè уште работи на расветлување на кражбата во оваа пошта, кога викендов беше украден металниот сеф од поштата во којшто имало околу 2 милиони денари. Се испитува дали има поврзаност меѓу овие два случаи./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
Вчера во 23.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Е.Б.(34) од Република Турција пријавила дека нејзината мајка А.П.О.(73) од Република Турција се оддалечила од хотел во Скопје каде престојувала.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Скопјанец натепал скопјанка во Карпош, а потоа агресивно се однесувал и со полицајците
Вчера во 11.20 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.Л.(41) од Скопје, затоа што физички ја нападнал О.Л.(39) од Скопје, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Оштетил паркирано возило, врата и инвентар во кафеана, такси-возило: кривична против маж од Делчево
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В. А. (36) од Делчево.
Тој се сомничи за сторено кривично дело насилство.
На 8.5.2024 пријавениот оштетил влезна врата и друг инвентар во угостителски објект, се обидел да оштети стакло од возачка врата на такси-возило, во обложувачница оштетил врата од наплатниот пулт, по што оштетил возило паркирано пред Територијалната противпожарна единица и физички нападнал двајца вработени.