Црна хроника
Најмалку девет загинати во експлозија на пиротехника во Мексико

Најмалку девет лица загинаа а десетици други се повредени во експлозија на пиротехнички материјал во градот Нативитас во јужната сојузна мексиканска држава Тласкала, соопштија во петокот локалните власти.
Според претставникот на службата за цивилна одбрана, трагедијата се случила за време на свечена поворка, кога една од ракетите неочекувано паднала врз камионет полн со други експлозивни средства, предизвикувајќи силна експлозија.
Официјалните податоци за бројот на настраданите се` уште се многу контроверзни, властите соопштуваат за 45 повредени, а на социјалните мрежи се наведува дека околу 70 луѓе се повредени. На Twitter се испраќаат итни апели до надлежните служби да испратат на местото на трагедијата противпожарни и амбулантни возила за да им помогнат на повредените./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.