Контакт

Црна хроника

Се конфискува имотот на сторителите на организиран криминал со тутун

Објавено пред

Македонската влада, преку Агенцијата за управување со одземен имот дојде до финална фаза на целосно спроведување на правдата во случајот шверц на цигари во случајот „Јака Табак“ Радовиш и во случајот Тутунски Комбинат Прилеп, при што е започната и се одвива постапка за конфискација и одземање на нелегално стекнатите имоти на осудените во овој случај.

dobivaj vesti na viber

Во првиот случај,  по правосилноста на пресудата во случајот за криминал во тутунскиот бизнис сторен во Јака Табак Радовиш, пресуда со која е констатирано дека раководството, односно директорите на оваа фирма, како и поранешниот директор на стоковите резерви Радован Поповски, и други 13 лица, во периодот од март 2001 година до март 2007 година, во повеќе наврати извршиле нелегални активности, малверзации при производство на цигари и тутун, притоа изигрувајќи ги законските процедури, покрај тоа што сторителите се осудени на затворски и условни казни, дополнително осудената група се обврза и задолжи солидарно да ја надомести штетата од незаконското работење во износ од 161 милион денари, или околу 2,5 милиони евра штета која е предизвикана кон државата.Владата преку Агенцијата за управување со конфискуван имот веќе отпочна со постапка на лоцирање и проценка, и комплетен попис на нелегално и противправно стекнатиот имот на обвинетите по што ќе уследи конфискација на имотот на осудените, информираше во вторникот владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.Во вториот случај за Тутунскиот Комбинат Прилеп првообвинетите, односно екс директорите на Тутунскиот Комбинат Тони Мицајков, Димитар Богдан и управителот на Тутунскиот Комбинат Илија Нунески, како и шефот на обезбедувањето Круме Спиркоски, и уште други седум лица беа правосилно осудени со затворски и условни казни, и беше констатирано дека во периодот од 01.01.2005-та година до 31.03.2006-та година извршиле кривично дело даночно затајување, со што го оштетиле буџетот на државата во износ од 456 милиони денари, или над 7 милиони евра.Владата, преку Државното правобранителство, успеа во судска постапка да докаже дека раководните лица на Тутунскиот Комбинат Прилеп преку организирање на единаесет члена се обиделе целосно да го одбегнат плаќањето на акциза и данок на додадена вредност, за што биле обврзани со Законот за акциза и Законот за додадена вредност, дале лажни податоци за други факти кои се од влијание за утврдување на ваквите обврски, лажно прикажувајќи дека дел од произведените цигари во количина од 516 илјади килограми се извезени во странство иако знаеле дека истите се истоварале на непознати места во Република Македонија, факти кои беа потврдени со правосилна судска пресуда.За ваквите незаконски дела екс директорите, управителите и обезбедувачите, и другите осудени лица во случајот Тутунски Комбинат Прилеп се обврзаа и задолжија солидарно да ја надоместат штетата од незаконското работење во износ од  456 милиони денари.Врз основа на ваквата судска пресуда, Агенцијата за управување со конфискуван имот започна постапка на конфискација на имотот на осудените. Досега од осудените одземен е имот во износ од 550 илјади евра, поголемиот дел готови пари кои се наоѓале во личните сефови на обвинетите. Дополнително се одземени акциите кои обвинетите ги поседувале во Тутунскиот Комбинат Прилеп и во други фирми. Конфискувани се и вкупно 2 400 пакети на шверцувани цигари, во вредност над 10 милиони денари, кои требале да бидат предмет на незаконска препродажба.Исто така, во постапка на конфискација е имотот кој се верува дека му припаѓа на екс директорот Димитар Богдан, и тоа куќа во центарот на Прилеп со површина од 200 метри квадратни, како и луксузна викендичка со дворно земјиште од 2500 м2 во местото Беловодица. Во постапка на конфискација е и стан во Скопје кој го поседува семејството на Тони Мицајков, како и луксузна куќа во Ореовец во сопственост на Круме Спирковски еден од осудените во оваа афера, информира Ѓорѓиев.Владиниот портпарол порача дека секој обид за изигрување на законите и избегнување на правдата, преку правни лавиринти и препишувања на имот на сторителите на кривични дела на блиски нивни лица од семејството или опкружувањето и тоа по отворањето на постапките, нема да помине. Правдата ќе исплива на површина, а најдобар доказ за тоа е случајот со Иснифарис Џемаили, каде што по 7 години правна борба, државата успеа да докаже дека Џемаили се обидел да го изигра законот препишувајќи ги своите имоти на трети лица, и успеа да ги одземе тие имоти и да ги конфискува, истакна Ѓорѓиев. /крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Таксист од Скопје побарал мобилен телефон од 26-годишник па му го украл и телефонот и чантата

Објавено пред

На 01.02.2026 во 17:00 часот во СВР Скопје, Ф.Ј.(26) од Скопје пријави дека околу 03:00 часот на подрачјето на Центар, едно лице кое управувало такси возило му го побарало мобилниот телефон за да изврши разговор.

dobivaj vesti na viber

Откако момчето му го дало телефонот, таксистот му ја одзел и чантата во која имало документи и други предмети и со возилото го напуштил местото.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Уапсен полицаец од Делчевско: возел без возачка дозвола, одземен е автомобилот

Објавено пред

Денеска во 06:45 часот на булеварот „Македонија“ во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода 23-годишниот С.Д. од село Тработивиште, делчевско.

dobivaj vesti na viber

При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „фолксваген голф“ со делчевски регистарски ознаки, кое го управувал, при што е констатирано дека го управувал возилото без претходно да се стекне со право на управување возило, односно без возачка дозвола.

Запознаен е јавен обвинител, по чија насока возилото е одземено, а лицето е лишено од слобода. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Автомобил излета од патот Прилеп – Македонски Брод: тешко повредени деца на возраст од седум и девет години

Објавено пред

Вчера во 17:11 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на регионалниот пат Прилеп- Македонски Брод, патничко возило „опел” со прилепски регистарски ознаки, управувано од 36-годишната Д.М. од Прилеп, излетало од коловозот.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајца малолетни сопатници на возраст од седум и девет години, а со телесни повреди се здбил сопатникот И.М. од Прилеп, констатирани во Градска болница Прилеп. Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

„Сè беше легално и со дозволи“: како Македонија учествувала во проектот со мозоци што беше споменат во документите за Епстин

Македонија била вклучена во меѓународен научен проект кој се споменува во документите поврзани со починатиот американски милијардер Џефри Епстин,пишува Дојче...

Македонија5 часа

Вратата кај бината во „Пулс“ служела да излезат малолетниците во случај на полициска рација, сведочи 25-годишниот Петар Марковски

На денешното рочиште за пожарот во кочански „Пулс“ во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, 25-годишниот Петар...

Македонија5 часа

Над 45 милиони денари вратени во државниот буџет; Фетаи: Конфискацијата на нелегално стекнатиот имот дава конкретни и мерливи резултати

Денес се одржа првиот конститутивен состанок на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот, со што официјално започна...

Македонија5 часа

Тројца експерти од странство во составот на комисијата за истражување на кардиолошките и кардиохируршките операции, соопшти Министерството за здравство

Странската комисија за истражување на кардиолошките и кардиохируршките операции ја сочинуваат тројца врвни експерти од областа, соопштија од Министерството за...

Македонија6 часа

Нудел 50.000 евра мито за пари од ИПАРД програмата: поднесено обвинение против повеќе лица

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од ОЈО ГОКК денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно...

Економија6 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија6 часа

Не знаеме кого Трендафилов чекал во празна сала, средбата помеѓу премиерот Мицкоски и претставниците на УПОЗ е закажана за во четврток, велат од Владата

Владата, како што соопштија од таму, најостро реагира на обидите за создавање лажна слика за социјалниот дијалог, а во врска...

Македонија6 часа

Владин претставник не дојде во ССМ за зголемување на минималецот: Бегаат од одговорноста како што бегаа цела 2025 година, вели Трендафилов

Со објава на социјалните мрежи утрово претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов извести дека владин претставник...

Свет10 часа

(Видео) Идентификувани агентите кои го убија Алекс Прети

Владини документи ги открија идентитетите на двајцата федерални полицајци кои го застрелаа и убија Алекс Прети во Минеаполис. Станува збор...

Свет11 часа

(Видео) Зимската бура во САД не се смирува: стотици илјади луѓе без струја, откажани летови

Тешките зимски услови ги нарушија транспортните и енергетските системи низ САД, приземјувајќи повеќе од 1.200 авиони и оставајќи десетици илјади...

Свет13 часа

(Видео) Американските ѕвезди на Греми наградите му испратија порака на Трамп: „Ние не сме животни, ICE надвор“

Музичарот од Порторико, Бед Бани, повика на „исфрлање“ на американската Служба за имиграција и царина (ICE) додека ја примаше наградата...

Свет13 часа

Премиерката Такаичи би можела да оствари убедлива победа на изборите во Јапонија

Партијата на јапонската премиерка Санае Такаичи веројатно ќе обезбеди убедлива победа на изборите за долниот дом на парламентот следната недела,...

Свет13 часа

Иранскиот демонстрант Ерфан Солтани ослободен со кауција

Иранскиот демонстрант Ерфан Солтани, кој беше уапсен за време на антивладините протести и се стравуваше дека ќе биде осуден на...

Свет13 часа

Трамп: Мислам дека ќе постигнеме договор со Куба

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД се во дијалог со кубанските власти што би можел да доведе до договор,...

Македонија22 часа

(Видео) Безбеден град денес регистрираше 500 казни

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва преку објава на социјалната мрежа Фејсбук им порача на граѓаните дека треба да бидат горди...

Свет1 ден

Бројот на жртви во пожарот во Швајцарија се искачи на 41, меѓу жртвите и 18-годишно момче

Почина осумнаесетгодишно момче кое беше повредено во пожарот во барот во Кран-Монтана, соопшти денеска швајцарската новинска агенција Keystone-SDA, повикувајќи се...

Регион1 ден

Од денеска во Бугарија задолжително плаќање во евра, левот излегува од употреба

Од денеска, 1 февруари, еврото станува единствена официјална валута во Бугарија, додека левот повеќе нема да биде прифатлив за плаќање...

Македонија1 ден

Мицкоски најави дека ќе се чека уште 11 месеци да стигнат нови камиони на Комунална хигиена

Преку Министерството за транспорт и во соработка со Светската банка ќе се набават 40 нови возила за потребите на ЈП...

Свет1 ден

(Видео) Сведоштво на мајката и сопруга на уапсените за марихуаната поврзана со Македонија

Членови на семејството Спасојевиќ и нивни соседи се огласија по заплената на повеќе од пет тони марихуана на семеен имот...

Македонија1 ден

Петте тони марихуана откриени кај Крушевац биле набавени во Македонија

Вишиот суд во Белград синоќа им одреди притвор на тројца уапсени по заплената на пет тони марихуана во селото Коњух...