Црна хроника
Сакал да прошверцува 39 килограми марихуана во собни врати
Специјалните единици на Царинската управа во соработка со полициски инспектори во македонски камион кој пренесувал собни врати за Швајцарија открија и запленија околу 39 килограми марихуана.
Во понеделникот околу 14:20 часот на граничниот премин Ќафасан, за излез од Македонија се пријавил камион со македонски регистарски ознаки управуван од лицето В.К. од с.Ливада, Струшко.
Камионот бил натоварен со мебел, прозорци, врати и гранитни плочки наменети за извоз за физичко лице од Швајцарија.
Поради немање на соодветни услови за детален преглед, возилото и стоката во него со царинска придружба се пренесени до царинскиот терминал во Струга. При деталниот преглед, царинското куче дало индиции дека во внатрешноста на дваесетте собни врати има наркотична материја, поради што една од вратите е избушена бургија и во неа е пронајдена непозната зеленкаста трeвкаста материја.
Останатите 19 врати биле рачно скршени и од нив се извадени вкупно 71 опаковка полни со марихуана, завиткана во прозирна најлонска амбалажа.
Дрогата, возилото и прекршителот се предадени на Одделот за нелегална трговија со дрога при МВР за понатамошно постапување. Против лицето ќе биде поднесена кривична пријава за трговија со дрога. /крај/мф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
Вчера во 23.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Е.Б.(34) од Република Турција пријавила дека нејзината мајка А.П.О.(73) од Република Турција се оддалечила од хотел во Скопје каде престојувала.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Скопјанец натепал скопјанка во Карпош, а потоа агресивно се однесувал и со полицајците
Вчера во 11.20 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.Л.(41) од Скопје, затоа што физички ја нападнал О.Л.(39) од Скопје, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Оштетил паркирано возило, врата и инвентар во кафеана, такси-возило: кривична против маж од Делчево
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В. А. (36) од Делчево.
Тој се сомничи за сторено кривично дело насилство.
На 8.5.2024 пријавениот оштетил влезна врата и друг инвентар во угостителски објект, се обидел да оштети стакло од возачка врата на такси-возило, во обложувачница оштетил врата од наплатниот пулт, по што оштетил возило паркирано пред Територијалната противпожарна единица и физички нападнал двајца вработени.