Црна хроника
Нападнати тројца членови на раководството на партијата на Шабан Салиу во Шутка
Тројца членови на раковството на партијата Обединети демократски сили на Ромите, чиј претседател е Шабан Салиу во средата биле нападнати по митингот на партијата во Шуто Оризари.
Како што соопштуваат од партијата, непознати сторители кои се возеле со син автомобил „голф 4“ без регистерски таблици ги нападнале членовите на раковоството на партијата, меѓу кои и носителот на советничката листа на партијата и овластениот претставник во општинската изборна комисија.
„Овластениот претставник од општинската изборна комисија во моментот е хоспитализиран во болница и врз него се извршени хируршки интервенции“, соопштуваат од партијата.
Од МВР потврдуваат дека е пријавен физички напад во Шуто оризари. Според пријавата четири лица нападнале други три лица, а при нападот биле употребени и метални шипки. Потврдуваат дека еден до нападнатите е пренесен во Ургентниот центар.
Полицијата работи на откривање на сторителите./крај/мф/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.

