Црна хроника
Гневен гостиварец сакал да си ги убие родителите
Гостиварската полиција соопшти дека поднела пријава против лицето што во петокот во раните попладневните часови пукаше кон куќа на улицата .„Мара Угринова”, а станува збор за педесетгодишен жител на Гостивар кој поради меѓусебно нетрпение го ранил двајцата родители
Педесетгодишниот жител на Гостивар со иницијали Ј.С повеќепати пукал во куќата на неговиот 69 годишен татко, по што сосе оружјето се предал на гостиварската полиција чии припадници излегле на спомената адреса по дојава од жител дека во тек е пукање.
Според првичните сознанија, гостиварецот поради нетрпение и нерасчистени имотно-правни односи сакал да им ги одземе животите на своите родители. Од испуканите куршуми со прострелна рана во пределот на десната подлактица се здобил таткото, додека мајката се здобила со прострелна рана во пределот на десната надлактица.
Ранетите биле префрлени во гостиварскиот медицински центар каде што тактот на напаѓачот е задржан на лекување, додека неговата мајка поради сериозноста на повредата е пренесена во скопскиот Ургентен центар.
При увидот што на местото на инцидентот го извршила екипа од Полициската станица Гостивар биле пронајдени 127 чаури калибар 357мм, револвер „Смит Весон” калибар 357мм, без куршуми во него и футрола во која имало 18 куршуми калибар 357мм, кој осомничениот за пукањето нелегално го поседувал. /крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип
Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба
Вчера во 10:05 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(43) од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

