Црна хроника
За неколку дена се очекуваат првите официјални информации за сообраќајката на Младенов
Кривичниот суд во Скопје ги доби извештаите од институциите за сообраќајката во којашто загина новинарот и сопственикот на Фокус, Никола Младенов.
Од таму за Макфакс велат дека добиле записник од увидот, обдукцискиот наод од судска медицина и крим-техничкото вештачење на автомобилот.
Портпаролот на Кривичниот суд, истражниот судија Владимир Туфегџиќ, вели дека за два-три дена, откако ќе ги анализираат извештаите ќе излезат со поконкретни информации. Тогаш се очекуваат првите официјални информации за тоа како загина Младенов.
Сообраќајката се случи на 26-ти март вечерта на патот Велес – Скопје, на клучката кај Хиподром, пред главниот град.
Потрагата по телото на Младенов започна во средата во 9.30 часот откако неговата сопруга пријавила дека го нема.
Возилото „мерцедес“ беше извлечен дури во средата вечерта околу 20 часот, а телото на Младенов беше предадено во судска медицина за обдукција.
Според првичните информации, автомобилот ја пробил банкината на патот и излетал во ендек, но сé уште не се познати точните причини за сообраќајката./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
Вчера во 23.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Е.Б.(34) од Република Турција пријавила дека нејзината мајка А.П.О.(73) од Република Турција се оддалечила од хотел во Скопје каде престојувала.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Скопјанец натепал скопјанка во Карпош, а потоа агресивно се однесувал и со полицајците
Вчера во 11.20 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.Л.(41) од Скопје, затоа што физички ја нападнал О.Л.(39) од Скопје, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Оштетил паркирано возило, врата и инвентар во кафеана, такси-возило: кривична против маж од Делчево
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В. А. (36) од Делчево.
Тој се сомничи за сторено кривично дело насилство.
На 8.5.2024 пријавениот оштетил влезна врата и друг инвентар во угостителски објект, се обидел да оштети стакло од возачка врата на такси-возило, во обложувачница оштетил врата од наплатниот пулт, по што оштетил возило паркирано пред Територијалната противпожарна единица и физички нападнал двајца вработени.