Црна хроника
Масакр кај Младеновац: Убил бебе и 12 соседи, па пукал во жената и во себе (обновено)
Шест мажи, шест жени и едно бебе настрадаа во масакрот којшто го изврши шеесетгодишниот Љубиша Богдановиќ утрово во местото Велика Иванча кај Младеновац, јавува Блиц.
Дванесет лица починале на лице место, а една седумдесетгодишна жена починала на пат кон болницата. Тој и неговата жена се во критична состојба во Ургентниот центар.
Според кажувањата на комшиите, Богдановиќ утрово околу 5 часот најпрвин во својата куќа со куршум во главата го убил својот син, а потоа се упатил кон куќите на соседите во смртоносен поход и убил луѓе во пет соседни куќи.
Злосторството го пријавила неговата сопруга Јаворка и додека била на линија со полицијата се слушнал врисок, поради што се претпоставува дека тој пукал во неа во тој момент. Полицијата веднаш тргнала на местото на злосторството и го затекнала Љубиша во дворот на својата куќа.
Тој пукал во себе пред полицијата. Во овој момент состојбата на убиецот и неговата сопруга е критична.
Околу 9 часот во селото дошла ќерката на убиецот, која не живеела со родителите. Таа е во тешка состојба и се наоѓа во куќата на соседите, а низ цело село се слуша плач и лелеци, јавува Блиц.
Полицијата го блокирала приодот кон сите куќи во кои живееле убиените. Соседите велат дека трагедијата се случила утрово околу 5 часот и дека полицијата доаѓа и кај нив да ги провери дали се добро.
„Така дознавме за масакрот. Тој беше мирен човек. Не знаеме што довело до оваа трагедија. Слушнавме дека синот го убил со куршум во главата“ велат шокираните соседи.
Злосторството се случило во крајот кој се нарекува Превала, а Богдановиќ заобиколил само две куќи во тој крај. Неколку дополнителни увидни екипи стигнале на местото, а Богдановиќ пукал со огнено оружје за кое имал дозвола./крај/блиц/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Бил агресивен кон неговата сестра па нападнал полицајци: кривична пријава за 27-годишен тетовец
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.И.(27) од Тетово.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
Имено на 05.01.2026 пред угостителски објект, пријавениот агресивно се однесувал кон неговата сестра, а подоцна во угостителскиот објект физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија.
Црна хроника
Измамена тетовка: платила за работна виза за Германија, останала без виза и без пари
Синоќа во 20:00 часот во СВР Тетово, 32-годишна жена од Тетово пријавила дека била измамена од едно лице од Тетово за сума од 3.000 евра.
Според пријавеното, во текот на 2024 година, таа се договорила со лицето да ѝ посредува за добивање работна виза за Германија и притоа парите му ги исплатила во неколку наврати.
Како што е пријавено, услугата не била извршена, а кога стапила во контакт со него и си ги побарала парите, започнал расправија, а подоцна бил недостапен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.
Црна хроника
Четворица приведени за пожарот на „ланд роверот“ во Струмица, при претреси пронајдена дрога
Полицијата ги приведе Д.Г. (19) од селото Секирник, Р.П. (38) од село Владевци, А.Т. (26) од село Еднокуќево и К.Г. (19) од Струмица, поради сомнение дека се можни сторители на кривично дело поврзано со пожар на паркирано возило „ланд ровер“, пријавен во Струмица, соопшти МВР.
На 22 февруари, врз основа на судски наредби, извршени се претреси во домовите на Р.П., А.Т. и К.Г. При претресот во домот на Р.П. биле пронајдени остатоци од марихуана, во домот на А.Т. била пронајдена кафеава грутчеста материја за која изјавил дека е хашиш, додека кај К.Г. биле пронајдени делови од облека за кои постои сомнение дека ги носел при извршување на делото, сооппти МВР.
За преземените мерки е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

