Црна хроника
Основен суд 1 Скопје: Сообраќајката на Младенов е несреќен случај
Сообраќајната несреќа во која на 27-ми март кај клучката Хиподром пред Скопје, загина новинарот, уредник и основач на дневниот и неделник весник Фокус, Никола Младенов, била несреќен случај утврдиле судските органи по преземањето на истражните дејствија
Како што во вторникот соопшти истражниот судија портпаролот на Кривичниот суд Скопје Владимир Туфегџиќ, нема индиции дека станува збор за кривично дело, јави репортерот на Макфакс од Основнуиот суд Скпоје 1 Скопје.
Според него, во сообраќајната несреќа не учествувало друго возило. „Она што беше дел од шпекулации во јавноста дека имало контакт со друго возило, можам да кажам дека такви анализи немаме. Од левата страна на возилото нема траги од контакт од друго возило и трагите од боја кои се наоѓале од десната страна од возилото според анализите, официјални, не потекнуваат од боја која се става на автомобили, туку се работи за антикорозивно средство“ рече Туфегџиќ.
Утврдено е, исто така дека за време на несреќата Младенов не бил врзан со сигурносен појас, а обдукцијата покажала дека за време на несреќата држел цигара во раката.
Во врската со шпекулациите дека на местото на кое автомобилот излетал од патот има траги од кочење, било утврдено дека станува збор за две други изолирани сообраќајни несреќи коишто се случиле во 2010 и во 2012 година.
„Се работи за несреќен случај. Причините поради кои дошло до излетување на возилото биле предмет на испитување. Младенов возел со брзина од 160 километри на час”, рече Туфегџиќ.
Смртта настанала, како што рече Туфегџиќ, насилно со пукање на аортата, а кај Младенов не биле пронајден алкохол и психотропни супстанци во крвта.
Во врска со мобилниот телефон на Младенов, Туфегџиќ рече дека не поседува информации за негово евентуално пронаоѓање, и дека целата оваа документација ќе биде предадена до Основното јавното обвинителство коешто треба да одлучи дали ќе отвори истрага во врска со сообраќајната несреќа во којашто загина Младенов.
Од досегашните анализи не е утврдено каде претходно бил Младенов. (следува проширена верзија).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Возило од Албанија излетало од патот во Струшко: повредени се повеќе лица
Утрово во 08.10 часот, на магистралниот пат Ќафасан – Подмолје, кај клучката за струшкото село Радожда, патничко возило „мерцедес“ со албански национални ознаки, управувано од Ѓ.А.(55) од Елбасан, Република Албанија, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил совозачот Б.Х.(31), а со телесни повреди се здобиле возачот Ѓ.А. и сопатниците М.Џ.(51), Ц.П.(34)и Д.Х.(24), сите од Република Албанија, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.
Надлежните информираат дека увид извршиле полициски екипи.
Црна хроника
Во оптек пуштил лажни евра: уапсен маж од Кичевско
Вчера во 03.00 часот, во казино на булеварот „Туристичка“ во Охрид, од слобода бил лишен Р.Б.(28) од кичевското село Долно Страгомиште.
Тој се сомничи дека во оптек пуштил лажни евра кои сакал да ги прикажи како вистинити, со што сторил кривично дело „фалсификување пари“, според член 268 од Кривичниот законик.
Полицијата соопшти дека против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Жена од Скопско тешко повредена: ја прегазил трактор
Вчера во 18.55 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во с.Р`жаничино, скопско, трактор „ИМТ“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.К.(50) од с.Р`жаничино, удрил во пешакот С.Л.(57) од истото село.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Л., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.