Црна хроника
Студентот кој касапеше во Тексас на психијатриско вештачење
Студентот кој во обидот да изврши масовен колеж повреди 14 лица на тексашкиот колеџ и е обвинет за тежок напад, ќе биде подвргнат на психијатриско вештачење, пишува весникот Houston Chronicle.
Дваесетгодишниот студен Дилан Ендрју Квик во вторникот во колеџот Лон Сата во близина на Хјустон со нож повреди 14 лица, од кои две се наоѓаат во критична состојба.
Како што претходно соопшти за медиумите шефот на службата за односи со јавноста на шерифот на округот, Алан Бернштајн, изјавил на сослушувањето дека во периодот кога уште бил ученик си замислувал како ќе напаѓа луѓе, а вчерашниот напад го испланирал однапред.
„Според исказите што ги даде осомничениот, тој си замислувал како ги напаѓа луѓето со нож, уште додека бил во основно училиште. Тој исто така рече дека извесно време го планирал нападот”, изјави Бернштајн.
Според него, полицијата установила дека напаѓачот употребил нож. „Делови од сечилото се најдени во телото на една од жртвите и на местото на инцидентот, а дршката беше пронајдена во ранецот кој беше запленет кај осомничениот за време на апсењето”, реече полицискиот портпарол. /крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешка кражба во барака на „Паркови и зеленило“: украдени неколку парчиња огнено оружје
Вчера околу 09:00 часот во СВР Скопје, од Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ во Скопје е пријавено дека во периодот од 02.01.2026 до 05.01.2026 во барака на подрачјето на Карпош, сопственост на Јавното претпријатие, со употреба на физичка сила и алат е извршена тешка кражба, при што од сефот биле одземени неколку парчиња на огнено оружје, кои биле користени од Службата за обезбедување на јавното претпријатие.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во скопско: жената го истепала сопругот
Вчера полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со двајца сопружници од скопско, постапувајќи по претходна пријава од 37-годишен маж дека на 01.01.2026 во семејниот дом во скопско, по претходна расправија, бил нападнат од неговата 33-годишна сопруга.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
20-годишник од Скопје нападнат и ограбен во Аеродром
Вчера во 10:10 часот во СВР Скопје, 20-годишниот Д.Ј. од Скопје пријави дека на 01.01.2026 околу 02:00 часот на паркинг простор во близина на угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, бил физички нападнат од едно лице, кое исто така му го одзело часовникот.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

