Црна хроника
Охриѓанец случајно сретнал сограѓанин и му ја скршил главата
Во ново насилство во Охрид 37-годишник заработи кривична полиција, поради нанесување повреди во пресметка со свој сограѓанин кој, исто така, е со подебело полициско досие.
Според охридската полиција, инцидентот во кој е инволвиран 37-годишниот сега осомничен за кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница” и 25-годипен жител на охридското село Лешани се случила во ноќта на 2-ри мај, околу 01, 30 часот.
Двајцата случајно се сретнале на паркингот во близина на ноќниот клуб „Хавана” при меѓу нив што настанала вербална расправија којашто прераснала во меѓусебно кошкање при што двајцата си размениле повеќе удари со раце и нозе здобивајќи се на тој начин со телесни повреди. Но, притоа пријавениот успеал на соперникот да му нанесе неколку удари со тврд метален предмет во главата по што со автомобилот „ауди” избегал од местото на настанот.
Од СВР Охрид информираат дека и пријавениот и нападнатиот Д.Ј., се познати како сторители на повеќе казнени дела против кои и досега биле поднесени кривични и прекршочни пријави./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

