Црна хроника
Повредени двајца полицајци при приведување на затвореник
Двајца полицајци се полесно повредени во неделата вечер при обидот да приведат затвореник кој бил пуштен на викенд од КПУ-Идризово.
Како што соопшти полицијата, при приведувањето на 28 годишниот О.А., дошло до инцидент меѓу полицајците и 22 годишниот Е.А. од Скопје, кој ги спречувал да го приведат затвореникот.
На местото на настанот се собрала поголема група луѓе, кои започнале со камења да фрлаат врз полициските возила.
Од каменувањето со повреди се стекнале две ОСЛ на кои им била укажана лекарска помош во Ургентниот центар во Скопје, по што се пуштени на домашно лекување, а e оштетено и едно службено возило.
Инаку, по превземените мерки приведени се покрај гореспоменатите две лица уште четири други лица: Н.С. (30), Б.Ф. (38), Ф. М. (32) и С. Ч. (53), сите од Скопје, а се работи на утврдување и на други лица учесници во случајот и по целосно негово расчистување и документирање против истите ќе биде поднесена соодветна пријава. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Таксист од Скопје побарал мобилен телефон од 26-годишник па му го украл и телефонот и чантата
На 01.02.2026 во 17:00 часот во СВР Скопје, Ф.Ј.(26) од Скопје пријави дека околу 03:00 часот на подрачјето на Центар, едно лице кое управувало такси возило му го побарало мобилниот телефон за да изврши разговор.
Откако момчето му го дало телефонот, таксистот му ја одзел и чантата во која имало документи и други предмети и со возилото го напуштил местото.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Уапсен полицаец од Делчевско: возел без возачка дозвола, одземен е автомобилот
Денеска во 06:45 часот на булеварот „Македонија“ во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода 23-годишниот С.Д. од село Тработивиште, делчевско.
При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „фолксваген голф“ со делчевски регистарски ознаки, кое го управувал, при што е констатирано дека го управувал возилото без претходно да се стекне со право на управување возило, односно без возачка дозвола.
Запознаен е јавен обвинител, по чија насока возилото е одземено, а лицето е лишено од слобода. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Автомобил излета од патот Прилеп – Македонски Брод: тешко повредени деца на возраст од седум и девет години
Вчера во 17:11 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на регионалниот пат Прилеп- Македонски Брод, патничко возило „опел” со прилепски регистарски ознаки, управувано од 36-годишната Д.М. од Прилеп, излетало од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајца малолетни сопатници на возраст од седум и девет години, а со телесни повреди се здбил сопатникот И.М. од Прилеп, констатирани во Градска болница Прилеп. Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

