Црна хроника
Откриени три лица што ограбиле златара во Скопје
Скопската полиција поднесе кривична пријава против лицата В.А. (44), В.Г. (48) и Д.Ѓ. (40) поради постоење основано сомневање дека извршиле едно кривично дело – “тешка кражба“, со што се стекнале со противправна имотна корист од 3.600.000 денари (близу 60.000 евра).
Кривичното дело е извршено на 22 март годинава во периодот меѓу 11,45 до 12,20 часот на ул. “Лазар Танев“ во златарски дуќан “Интер голд“ сопственост на Х.З. при што прво и второпријавениот украле разен златен накит (алки, прстени, ланчиња) со вкупна тежина околу два килограма и едно куќиште за компјутер непозната марка црна боја. Имено, тешката кражба В.А. и В.Г. ја извршиле на тој начин што по претходно направен план на 21 март околу 13,30 часот од мобилен телефон кој бил сопственост на В.Г. со СИМ картица купена само за таа употреба телефонски му се јавиле на оштетениот соопштувајќи му дека наредниот ден (22.03.) во времето од 12,00 до 12.30 часот треба да отиде во полициската станица Гази Баба за да го подигне записникот за претходната извршена кражба во неговата златара. По ова вечерта истиот ден пријавениот В.А. на погоден начин се качил на заедничкиот покрив од неколкуте дуќани од каде преку необезбедената баџа влегол во поткровниот дел од златарата каде се притаил и останал до наредниот ден. На 22 околу 11,45 часот кога оштетениот се упатил кон полициската станица Гази Баба од страна на пријавениот В.Г телефонски бил информиран пријавениот В.А. дека дуќанот е празен а овој пак кој по внатрешните скали се симнал во приземниот дел при што насилно ја откорнал таблата од иверица со која бил обезбеден дуќанот односно поделен со скалите кои водат на спратот од каде влегол во дуќанот и од изложниот пулт и од отклучената сеф каса одзел златниот накит како и куќиштето од компјутерот а потоа со буренцето од цилиндричната брава од внатрешна страна ја отворил заклучената врата и незабележан од никого се оддалечил од местото на настанот.Откако двајцата подоцна се состанале кај Дом на занаетчии влегле во ПМВ марка “Пежо партнер“ со скопски регистарски таблички сопственост на В.Г. и отишле на ул.“Васил Ѓоргов“ во поранешната канцеларија на В.Г. сопственост на АПРЗ од каде овој сеуште имал клучеви и таму ги оставиле златните предмети додека куќиштето го искршиле на делови кои ги фрлиле во повеќе контејнери низ градот. Потоа се упатиле и отишле на ручек во Велес. По неколку дена од извршувањето на кривичното дело пријавениот Владимир златните предмети ги однел во златарата “Мак голд“ лоцирана на ул. “Народен Фронт“ во ТЦ “Беверли Хилс“ каде на пријавениот Д.Ѓ. му ги продал за сума од 18.000 евра кои парични средства подоцна заедно со пријавениот В.А. ги поделиле подеднакво.Во просториите на ПСОН „Бит Пазар“ од страна на Д.Ѓ. извршено е препознавање на лица за што истиот со сигурност го препознал пријавениот В.Г дека е лице од кого го купил златниот накит. Исто така пријавениот Д.Ѓ. сторил едно кривично дело – “тешка кражба“ по чл.236 а вв .чл.24 од КЗ на РМ на тој начин што од пријавените В.А. и В.Г. кон крајот на март годинава во неговиот златарски дуќан за сума од 18.000 евра купил поголема количина на златен накит при тоа за истиот накит не издал никаква потврда или документ дека го откупил ниту пак истото го евидентирал. Потоа истиот тој откупен златен накит пријавениот Д.Ѓ. го однел во друг златарски дуќан, во “Рома“ лоциран во старата чаршија и на лицето Љ.Ф. го продал златниот накит за сума од 21.000 евра без да добие никаков документ за откупен златен накит./крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанка со нож нападната од нејзиниот татко
На 02.03.2026 во 18:45 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена од Скопје пријави дека околу 15:00 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот 79-годишен татко, кој со остар предмет и упатувал закани, при што сам се повредил од невнимателност.
Во 20:00 часот, според полицијата, 79-годишен маж од Скопје пријавил дека околу 15:00 часот во семејниот дом неговата ќерка насилно му го одзела мобилниот телефон, при што почнале меѓусебно да се туркаат, а неговиот зет физички го нападнал.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Загина жена од Злетово: ја прегазил „мерцедес“
Вчера во 15:33 часот во ОВР Пробиштип е пријавено дека на ул.„Пониква“ во Злетово, на место викано „Клапчово маало”, Р.З.(50) од с.Неокази, пробиштипско, управувајќи патничко возило „мерцедес“ со пробиштипски регистарски ознаки, удрил во пешакот З.А.(59) од с.Злетово, пробиштипско.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починала З.А., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По наредба на јавен обвинител, телото на почината е предадено на Судската медицина за обдукција.
Полицијата соопшти дека е извршен увид од увидна екипа на ОВР Пробиштип.
Црна хроника
Уапсен Турчин: во патничко возило превезувал пет лица мигранти
Вчера вечер во 23:00 часот на локалниот пат Гевгелија-Граничен премин Богородица, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гевгелија го лишија од слобода 46-годишниот Ф.С. од Република Турција.
При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „дачија“ со албански национални ознаки, кое го управувал, при што во возилото биле затекнати пет лица мигранти, од кои четири лица од Авганистан и едно лице од Турција.
Лицето е приведено изадржано во Полициската станица Гевгелија, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

