Црна хроника
Полицијата нуди награда за лицата што ранија 19 луѓе во Њу Орлеанс
Властите на Њу Орлеан ја зголемија наградата од 2.500 на 10 илјади американски долари за информација којашто ќе придонесе да се уапсат напаѓачите, изјави за медиумите портпаролот на градската полиција Реми Брејден.
Во пукањето во ноќта кон понеделникот по македонско време за време на парада на Денот на мајката во Њу Орлеанс, ранети се вкупно 19 лица, од кои десет се мажи, седум се жени и десетгодишно девојченце и момченце. Кај децата, како и кај поголемиот број жртви, станува збор за прострелни рани и нивната состојба не е сериозна. Според полицијата, најверојатно станува збор за тројца напаѓачи.
„За информација којашто ќе доведе до апсење на оние коишто се одговорни за нападот, понудена е награда од десет илјади долари”, рече Брејден.
Од своја страна американското федерално истражно биро FBI соопшти дека пукањето во Њу Орлеанс го класифицира како улично насилство, а не како тероризам.
Во истрагата се сослушуваат околу 300 сведоци, учесниците на парадата, и се прегледуваат материјалите од видеокамери на учесниците и од безбедносните камери во околината. Според началникот на полицијата на Њу Орлеанс, Роналд Серпас напаѓачите користеле два типа оружје а мотивот не е утврден.
„По истрелите нашите офицери виделе три лица кои бегале од местото на настанот”, изјавил Серпас додавајќи дека еден од осомничените е темнокож со куса коса и дека е на возраст од 20 години./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
Вчера во 23.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Е.Б.(34) од Република Турција пријавила дека нејзината мајка А.П.О.(73) од Република Турција се оддалечила од хотел во Скопје каде престојувала.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Скопјанец натепал скопјанка во Карпош, а потоа агресивно се однесувал и со полицајците
Вчера во 11.20 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.Л.(41) од Скопје, затоа што физички ја нападнал О.Л.(39) од Скопје, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Оштетил паркирано возило, врата и инвентар во кафеана, такси-возило: кривична против маж од Делчево
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В. А. (36) од Делчево.
Тој се сомничи за сторено кривично дело насилство.
На 8.5.2024 пријавениот оштетил влезна врата и друг инвентар во угостителски објект, се обидел да оштети стакло од возачка врата на такси-возило, во обложувачница оштетил врата од наплатниот пулт, по што оштетил возило паркирано пред Територијалната противпожарна единица и физички нападнал двајца вработени.