Црна хроника
Ја принудил на секс со фотографии на кои била гола
Велешанец уценувал девојка дека ќе објави снимки на коишто та била фотографирана гола, доколку немаат сексуални односи.
Триесет и шестгодишниот велешанец на почетокот од март годинава и’ пратил на девојката преку социјалната мрежа Facebook фотографија на која била сликана гола и и’ рекол дека доколку не се најдат и немаат секс, ќе ги објави фотографиите .
Следниот ден девојката отишла на улицата каде што велешанецот и рекол да појде. Влегле во куќата и напасникот и рекол да се соблече. Девојката, којашто го познавала насилникот од претходно одбивала. Но кога и’ рекол дека нема да и“ ги даде снимките и дека ќе ги објави, девојката се соблекла и имале сексуални односи.
По односот, велешанецот и’ ги дал двете слики и ја предупредил да не кажува за случајот никому.
Но и натаму продолжил да ја уценува и повторно ја принудувал на секс, заканувајќи и’ се дека задржал уште една фоторгафија кај него и дека ќе ја објави.девојката го пријавила случајот во полиција и против велешанецот е поднесена кривична пријава за силување./крај/мф/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во неготинско, пронајдени пиротехнички средства, уапсено едно лице
На 23.12.2025 во 07:40 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода И.Р.(34) од с.Криволак, неготинско.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се пиротехнички средства. Тој е приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Тепачка поради паркинг во Кисела Вода, уапсено едно лице
Едно лице е уапсено поради физички напад за паркинг на подрачјето на Кисела Вода.
Вчера во 18:30 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници го лишија од слобода С.Р.(34) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 19.12.2025 околу 16:30 часот и на 22.12.2025 околу 11:30 часот, по претходно недоразбирање за паркинг простор, упатувал закани на А.Е.(40) од Скопје, а потоа и физички го нападнал.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Ја претепал сопругата: уапсен маж од Струшко
ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.Х.(39) од струшко селo.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „телесна повреда“.
Имено на 28.11.2025 во семејниот дом во селото, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга, по што бил лишен од слобода.

