Црна хроника
Убиство во Сараj
Во среда вечер oколу 20.30 часот се случи убиство во скопската општина Сарај, при што убиен е Ш.Л.
Убиство се случило во Сарај во едно кафуле во близина на главната џамија во Сарај на патот кон Љубин.
Имено, убиецот З.Ѓ. и сега убиениот Ш.Л. подолго време биле скарани и се зачекале во кафулето. З.Ѓ. заминал до дома и по десетина минути се вратил со пиштол по што испукал неколку куршуми во Ш.Л., кој починал на лице место, сведочат очевидци,јавува порталот Zhurnal.mk.
Полицијата е на местото на настанот и го испитува случајот. Убиецот З.Ѓ е приведен и се наоѓа во полициска станица на распит.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се судрија три возила на патот Кичево–Гостивар, има повредени
Вчера на магистралниот пат Кичево–Гостивар, кај „Осломешка раскрсница“, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале три патнички возила со кичевски регистарски ознаки.
Во несреќата учествувале „ауди А3“, управувано од Ф.А. (24) од селото Зајас, „ауди Q5“, управувано од Г.С. (31) од селото Длапкин Дол и „сеат“, управувано од Н.Р. (56) од селото Бачишта.
Со телесни повреди се здобиле возачот на „ауди А3“, сопатничката С.А. (51) од Зајас, како и Г.С.
Увид на местото на несреќата извршиле полициски екипи.
Црна хроника
Фрлена течност пред Основниот суд во Куманово
Непознато лице истурило течност до зградата на Основниот суд Куманово, соопшти денеска СВР Куманово.
– Вчера во 21:50 часот во СВР Куманово, полициски службеник од судска полиција на Основен суд Куманово пријави дека едно лице се доближило до зградата на Основен суд Куманово и истурило течност, по што заминало, информираше полицијата.
СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот, а од Основното јавно обвинителство информираат дека се разгледуваат камерите и течноста ќе се носи на вештачење.
Црна хроника
Возач фатен со 1,99 промили алкохол во крвта и активна забрана за управување возило
Вчера во 21:10 часот на автопатот Куманово-Велес, кај клучка Аеродром во Скопје, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи го лишија од слобода Т.А(54) од Велес.
Имено, при контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „ланчиа“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал Т.А. и по преземени мерки и извршен алкотест било констатирано дека возачот е под дејство на алкохол, односно дека управува моторно возило со 1,99 промили алкохол во крвта и дека имал активна забрана за управување возило.
Лицето од страна на полициските службеници е лишено од слобода и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

