Црна хроника
Тешки кражби во тетовско , Скопје и во Куманово
Фатени албански државјани што краделе, а полицијата забележала уште две тешки кражби во Скопје и во Куманово.
Имено, во саботата, околу 3 часот, во село Челопек-тетовско полицијата ги пронашла и ги привела во полициската Жеровјане албанските државјани В.Х. (22) и Р. А. (36), поради основано сомнение дека сториле кривично дело „тешка кражба“.
Констатирано дека тие во село Челопек извршиле две тешки кражби во куќите на Р.Х. и А.Х., при што одзеле разен златен накит и други предмети, во вкупна вредност од над 100.000 денари.
На истите од страна на Истражен судија одредена им е мерка притвор во траење од по 30 дена.
Исто во саботата, во полициската станица Кисела Вода, А.Л. (36) од Скопје пријавила дека во периодот од месец април до вчера во нејзиниот стан лоциран на ул.„Сава Ковачевиќ“, непознат сторител извршил тешка кражба, при што одзел разен златен накит во вредност од 500.000 денари.
Тешката кражба сторителот ја извршил на тој начин што без употреба на сила влегол во детската соба и од ранец го одзел златото. СВР-Скопје превзема мерки за пронаоѓање на сторителот
Ноќеска, околу 23,30 часот во ПС-Куманово, пријавено е дека била извршена тешка кражба во куќа лоцирана на место викано „Говедарски пат“, сопственост на З.И. (61) од Куманово. полицијата утврдила дека непознат сторител со употреба на подесен алат го отворил прозорот од дневната просторија, влегол во куќата извршил пребарување и одзел поголема количина разен златен накит , со што се стекнал со противправна имотна корист 1.485.225 денари. СВР-Куманово превзема мерки за пронаоѓање на сторителот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Седумдесет и петгодишен маж е најден починат во шахта
Седумдесет и петгодишен маж вчера е пронајден починат во шахта за водовод во гостиварското село Дебреше, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Вчера попладне С.Р., жител на Дебреше во полиција пријавил дека во шахта за водовод лоцирана во куќата на неговиот братучед го пронашол починат неговиот вујко А.Џ. (75)“, се вели во полициското соопштение.
На местото на настанот, увид извршиле јавен обвинител и екипа на криминалистичката полиција.
Телото на починатиот е предадено на обдукција, со цел да се утврдат точните причини за смртта.
Црна хроника
При контрола на СВР Тетово, одземени ножеви и боксирач од деца
Министерството за внатрешни работи информира дека се одземени ножеви и боксирач од малолетници при вчерашната акциска контрола на СВР Тетово спроведена во периодот од 14:00 до 16:00 часот во угостителски објекти на подрачјето на Тетово.
-При контрола во угостителски објект на улица „Љубо Божиновски Пиш“, кај 17-годишен малолетник биле пронајдени и одземени неколку ножеви и метален „боксирач“. Истовремено, при контрола во објект во склоп на Спортскиот центар, кај двајца малолетници биле пронајдени и одземени ножеви, се наведува во соопштението на МВР.
Од МВР посочуваат дека сите малолетници се приведени во полициска станица во присуство на родители, а по целосно документирање на случајот биле предадени на нивните родители.
Црна хроника
Возач на комбе не забележал човек зад возилото, го удрил и тешко го повредил
Од Министерство за внатрешни работи информираат дека на 30 јануари 2026 година, околу 16:00 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во кругот на објект во изградба на подрачјето на Ѓорче Петров се случила несреќа со тешки последици.
Според пријавата, М.Д., управувајќи товарно возило – комбе, при движење наназад не го забележал Д.З. (51) од Скопје, кој се наоѓал покрај ограда зад возилото, при што го удрил. Повредениот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

