Црна хроника
Македонски Албанец загина во Сирија
Албанец од Македонија загина во Сирија во борбата против власта на претседателот Башар ал-Асад, јави во вторникот изутрина порталот Almakos, повикувајќи се на сигурни извори.
Младиот гостиварчанец Расим бил дел од опозициската движење во Сирија Jabha el-nusrah (Фронтот ел-Насри), во кој се борат и доброволци од Бодна и Херцеговина.Расим е првиот доброволец од Македонија, кој е убиен во Сирија, објавува Almakos.Порано медуимите објавија вести за убиени Албанци од Косово, во борбата против режимот на претседателот Башар ал-Асад.
Овие вести оставија сомнение дека во Сирија има и други групи од по десетина Албанци, добро вооружени кои војуваат против Асад во Сирија. Кон средината на мај, телевизијата на Федерацијата на БиХ (FTV) повикувјаќи се на полициските и разузнавачките агенции од Босна и Херцеговина собрале информации дека досега најмалку 52 државјани на оваа земја се бореле на страна на бунтовниците во Сирија, а досега еден од нив загинал.
Според неименуван полициски извор на телевизијата, од Сирија досега се вратиле 32 исламистички доброволци од Босна и Херцеговина, а во оваа земја во која повеќе до две години беснее граѓанска војна којашто прерасна во меѓуконфесионален судир останале уште дваесетина босански државјани.
Во Сирија загинал Муаз Шадиќ чиешто семејство живее во околината на Зеница, а тоа го потврдила и неговата мајка која изјавила дека тој во Сирија заминал бидејќи сакал да стане шехид (маченик).
Според информациите на босанските безбедносни служби заминувањето во Сирија го организира селефијската заедница од селото Горња Маоча кај Брчко коешто со години се смета за центар на радикалниот вехабизам и во кое владеат строгите шеријатски закони.
Селефијската заедница привлекува радикални исламисти како што беше и Мевлуд Јашаревиќ од српската област Санџак кој во 2011 година изведе терористички напад врза амбасадата на САД во Сараево.
Сите исламски доброволци од Босна и Херцеговина во Сирија се бореле за Фронтотел-Насри движење коешто се смета за блиско на глобалната терористичка мрежа Ал Каеда. И чии членови изведоа неколку брутални јавни погубувања на припадниците на воените и полициските сили на сириската влада на претседателот Башар ал-Асад кој потекнува од алавитската заедница (шиитски огранок на исламот) и потоа снимките од овие погубувања ги поставува на интернет.
Кон крајот на април координаторот на Европската унија за борба против тероризмот, Жил Декершов изјави за дека најмалку петстотини Европејци се борат на страната на сириската вооружена опозиција против силите на претседателот Башар ал-Асад . Се претпоставува дека повеќето од европските борци во Сирија доаѓаат од Велика Британија, Ирска и Франција. Се стравува дека во Сирија во борбите се вклучени неколку десетици лица од регионот на Балканот.
Што се однесува до регионот, пак, кон крајот на февруари беше забележан и случајот на 23-годишниот етнички Албанец Мират Ахмети од селото Велики Трновац кај Бујановац, во јужна Србија кој според локалните медиуми загинал во борбите во Сирија. Тој како одличен ученик успеал да се запише на студии по теологија на престижниот исламски универзитет Ал Ажар во египетската престолнина Каиро, а на сириските бунтовници им се придружил заедно со други негови колеги од трета и четврта година на студиите./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Двајца малолетници без возачка фатени зад волан во Охрид и Струга, одземени автомобилите
Два одвоени случаи на управување возило од страна на малолетници без положен возачки испит се регистрирани ноќеска во Охрид и Струга.
Во 23:40 часот, на пресекот на улиците „Сатеска“ и „Гоце Делчев“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид при сообраќајна контрола исклучиле од сообраќај патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки. При контролата било утврдено дека возилото го управува малолетник кој нема положен возачки испит и нема стекнато право за управување моторно возило. Во присуство на родител, возилото било одземено, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Неколку часа подоцна, на 2 март 2026 година во 01:15 часот, при сообраќајна контрола во струшката населба „Тефериќ“, полициски службеници од ОВР Струга исклучиле од сообраќај патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од малолетник без положен возачки испит. По насоки од јавен обвинител, со малолетникот бил извршен службен разговор, возилото било одземено, а по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 15-годишник во делчевско по пријава за обљуба врз малолетничка
На 28 февруари 2026 година во 14:30 часот во делчевско, полициски службеници од ОВР Делчево лишиле од слобода 15-годишник, постапувајќи по претходна пријава од 17-годишна малолетничка.
Според пријавата, откако претходно се договориле да се сретнат, тој извршил обљуба врз неа.
За настанот бил известен јавен обвинител, како и Центарот за социјална работа, а известен бил и родител на малолетникот. Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Црна хроника
Пронајдена граната од Првата светска војна во битолско село
На 28 февруари 2026 година во 09:40 часот во СВР Битола, П.С. од село Добромири, битолско, пријавил дека во дворното место пронашол стара граната.
По пријавата, на местото излегол пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување, кој безбедно ја подигнал гранатата. При извршената проверка било утврдено дека станува збор за минофрлачка граната од 75 милиметри, која потекнува од Првата светска војна.
Надлежните апелираат до граѓаните доколку пронајдат сомнителни експлозивни направи веднаш да ги пријават во полиција и да не ги допираат.

