Црна хроника
Земјоделец се удави во вир со вода
Земјоделец од светиниколско се удавил во вир каде заминал да се освежи, соопшти МВР.
Несреќата се случила во вторник во 19 часот додека 56-годишниот Злате Наковски од селото Црнилиште работеле на нивната нива во атарот на селото кај местото Ѓеренче.
Додека работел, на Наковски му се слошило и отишол до вирот со вода да се освежи, но паднал и се удавил.
Неговата сопруга заминала да го бара бидејќи го немало подолго време, но го нашла паднат во вирот. Заедно со другите селани го извадиле телото на земјоделецот а лекари од итна помош се обиделе да го реанимираат.
Било констатитрано дека нема знаци на насилствот и телото на покојникот е предадено на семејството./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Нападнат работник од ЕВН во Горно Нерези
Во полицијата вчера беше пријавено дека во Градската општа болница „8 Септември“ бил донесен 50-годишниот Т.И. од селото Матка со повреда.
Според пријавеното, истиот ден околу 11:00 часот во село Горно Нерези, додека извршувал работни задачи како вработен во ЕВН, бил физички нападнат од едно лице кое употребило тврди предмети.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанки пријавиле закани и напад од сопрузите со кои се разведуваат
Во два одвоени случаи пријавени во текот на вчерашниот ден, жени од Скопје побарале полициска заштита поради закани и насилство од нивните сопрузи со кои се во бракоразводна постапка.
Вчера во 11:40 часот бил приведен М.К. (31) од Скопје, по пријава од неговата 30-годишна сопруга дека ѝ упатувал закани. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Во вториот случај, пријавен во 13:50 часот, 43-годишна скопјанка информирала дека околу 08:00 часот на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од својот сопруг С.К. (43). СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанка измамена за 200.000 денари од „мајстор“ што исчезнал со парите, требало да работи во дворот
Педесетгодишна жена од скопско во полицијата пријавила дека била измамена од лицето В.„Н“ за износ од 200.000 денари.
Според пријавата, тој требало да изврши градежни работи во нејзиниот двор, но по земањето на парите престанал да одговара на повиците.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

