Црна хроника
Пронајдено оружје во домот на братот на уапсениот обвинител
Пронајдено оружје во домот на братот на уапсениот обвинител Ивица Ефремов од случајот Ореше.
Во поткровјето во куќата на обвинителот пронајдени се еден пиштол „Р.08“со рамка за куршуми, триесет куршуми 7,9мм, пет куршуми 9мм-кратко полнење, еден куршум 7,62мм, еден куршум 7,65мм, пригушувач „silenger“ 9мм, пригушувач голем и десет пакувања експлозив ПЕП-500.
Ефремов пред полицајците се правдал дека поткровјето го користи неговиот брат дека пронајденото оружје не е во негова сопственост.
По добивањето на информацијата извршен е претрес и во домот каде живее братот на пријавениот при што е пронајдена поголема количина на оружје и муниција и тоа: една автоматска пушка марка Томсон, еден пиштол марка „црвена застава“ со рамка, вкупно 265 куршуми 9мм, 257 куршуми 7,65мм, вкупно 148 куршуми 7,9мм, 865 куршуми 7,62мм (спакувани во 13 кутии), две пакувања со по 25 куршуми 357мм, 81 куршум 7,62мм, 42 куршуми 7,62мм-маневарски, 203 куршуми 45мм, 2 (два) куршуми 7,65мм-ппу62, две рамки за шкорпион, две рамки за снајперска пушка, четири рамки за пиштол 7,65мм-ппу62, две димни бомби марка КОДШ-М3Ф, четири пакувања „топовски удар“ со ознока М81 и две пакувања шок бомби марка РФ13 (односно околу 1950 куршуми различен калибар при двата претреса).
Против братот на Ефремов е поднесена кривична пријва за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Едно лице загина во сообраќајна несреќа кај Кучевиште
Едно лице загина, а друго е повредено во сообраќајна несреќа што се случила вчера на локалниот пат с.Кучевиште- с.Кучевишка Бара.
Во несреќата учествувале патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.П.(65) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ж.С.(57) од с.Кучевиште, скопско.
На местото на несреќата починал возачот на патничкото возило „форд“ В.П., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
Со телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „фолксваген голф“ Ж.С., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција, а извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Пијан 36-годишник од Кичево се однесувал агресивно во казино, двајца охриѓани се истепале во друго казино
Рано утрово, во 04:55 часот во СВР Охрид е пријавено дека во казино на улицата „Абас Емин“ во Охрид бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Л.У.(35) и М.„Н“, двајцата од Охрид. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок, извести СВР Охрид.
Исто така ноќеска во 03:10 часот на улицата „Тане Цалески“ во Кичево, полициски службеници го приведоа 36-годишниот Р.С. од Кичево, постапувајќи по претходна пријава дека во казино во Кичево агресивно се однесувал кон вработените. По преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,06 промили алкохол во крвта. Тој е спроведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Без одобрение изградила пристапен пат и поставила армирана бетонска пристапна рампа: кривична пријава за охриѓанка
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Р.(40) од охридското село Велгошти.
Таа се сомничи за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“.
Имено на катастарска парцела во државна сопственост во атар на истото село, таа без одобрение изградила пристапен пат и поставила армирана бетонска пристапна рампа. Врз основа на констатираната состојба, овластен градежен инспектор изготвил решение за нивно отстранување.

