Црна хроника
Американец обвинет за убиство на жената што ја нападнаа неговите кучиња
Американец од сојузната држава Калифорнија е обвинет за убиство на жената која на 9-ти мај ја нападнаа неговите четири питбула, објави јавниот обвинител.
Доколку обвинетиот биде прогласен за виновен, му се заканува казна од доживотен затвор, се истакнува во соопштението на канцеларијата на државниoт обвинител во Лос Анџелес, пренесува AFP.
Дваесет идеветгодишниот Алекс Џексон е обвинет и за занемарување на животните кој ја предизвикале смртта на шеесет итригодишната жена додека рекреативно се занимавала со трчање.
Четирите кучиња ја нападнаа Памела Девит која искрварила на пат до болницата, потсетува весникот The Los Angeles Times. Лекарите на нејзиното тело пронашле 150 до 200 траги на каснување./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.