Црна хроника
Пронајдено тело во распаѓање во Долно Лисиче
Тело во фаза на распаѓање било пронајдено на брегот на реката Вардар во атарот на скопското село Долно Лисиче, соопштија од МВР.
Телото било пронајдено во четвртокот на пладне. Утврдено е дека се работи за машко лице, а по наредба на истражен судија телото е предадено на обдукција. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија со дете и полов напад
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при БЈБ на МВР (Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе), поради постоење основани сомненија за сторени кривични дела, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК) денеска (24.12.) поднесе кривична пријава против пет лица, сите од Тетово, и тоа: против лицето Ф.М.(25) – за кривично дело „трговија со дете“ (418-г ст.1 и ст.2), против лицата И.Д.(56), А.С.(30) и Л.С.(28) за сторено кривично дело – „трговија со дете“ (418-г ст.3) и против лицето – Р.М.(31) за кривично дело – „полов напад и силување“ ( 186 , ст.1 и ст.2) од КЗ на РСМ.
Според документираните сознанија од истрагата првопријавениот Ф.М. во временскиот период од мај 2023 година до крајот на 2024 година, доведувајќи го во заблуда – детето жртва – тогаш на 15 годишна возраст, дека ќе започнат љубовна врска, преку сериозна закана и уцена ја принудил жртвата на користење на опојни дроги и на сексуална експлоатација. Притоа, со цел стекнување на противправна имотна корист Ф.М., по претходен договор со пријавените И.Д., А.С. и Л.С. како и со инволвирање на други непознати лица, овозможил вршење на полови дејствија врз детето жртва од нивна страна, а на повеќе локации на подрачје на Тетово. Петопријавениот Р.М. по претходен договор со Ф.М. како лице задолжено за безбедноста на детето, ја искористил неговата улога и присилно, спротивно на волјата на детето извршил полов однос врз истото.
Врз основа на издадени наредби од Судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, на четири локации на подрачјето на Тетово извршени се претреси во дом и други простории при што се пронајдени и привремено одземени мобилни телефонски апарати, СИМ картички и лишени се од слобода кривично пријавените пет лица.
Црна хроника
Тетовци направиле лажна сообраќајна несреќа за да земат осигурување
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Б.(44), М.А.(39) и Г.Ш.(25), сите од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично „измама“.
На 16.12.2024, пријавените се обиделе со лажно прикажување факти да измамат полициски службеници од сообраќајна полиција.
Имено, тие се договориле и во круг на автоперална на ул.„Маршал Тито“ во Тетово фиктивно ги судриле возилата „бмв“ со швајцарски национални ознаки и „бмв“ со тетовски регистарски ознаки со цел да наплатат осигурување од осигурително друштво.
Црна хроника
Претепал 17-годишна девoјка од Струга: уапсен маж од Тетовско
Утрово во 02:30 часот на ул.„Ристо Крле“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода С.Р.(29) од тетовско село.
Полицијата постапила по претходна пријава дека физички нападнал 17-годишна девојка од Струга.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија надлежните.

