Црна хроника
Уште не се знае точниот број загинати во автобуската несреќа во Црна Гора
Во неделата доцна ноќта уште не е познат конечниот број загинати во тешката сообраќајна несреќа којашто околу 17 часот се случи во кањонот на Морача во Црна Гора на магистралниот пат од Подгорица кон Колашин.
Според различни извори на самото место се загинати 13 лица, а уште четири починале на пат кон болница, односно се починати 20 луѓе.
Според директот на Клиничкиот центар во Подгорица, во болницата се згрижени 31 повредено лице, меѓу кои и едно дете со полесни повреди. Меѓутоа, некои од настраданите се со тешки повреди опасни по живот. Меѓутоа, изјави дека уште се врши дијагностицирање, па не може да се каже прецизно за степенот на тежината на повредите.
Романската амбасада потврди дека во автобусот имало 46 патници кои преку романска туристичка компанија оделе на летување во Будва, а во Црна Гора влегле во неделата околу 15 часот кај граничниот премин Дорбаково.
Според првичните информации, автобусот се движел од правецот на Колашин и околу 17 часот излегувајќи од тунел по влажен коловоз на почетокот од мостот Грло кај манастирот Морача ја пробил заштитната ограда и се урнал во провалијата на околу 30 до 40 метри од патот.
На местото на несреќата набрзо стигнале екипи на специјалната полиција, планинари, припадници на службата за спасување и пожарникари коишто ги извлекувале повредените.
Повредените беа превезувани до паѓањето на вечерта во Подгорица со санитетски возила, приватни автомобили, камионети и полициски возила.
Се` уште се истражуваат причините за несреќата и според најавите истрагата со попрецизни информации ќе излезе во понеделник./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против маж од Врапчиште: со закана изнудил 5000 евра од негова роднина
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(84) од село во општина Врапчиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда’’.
Во текот на јули 2025 година, пријавениот со закана побарал и добил 5000 евра од едно женско лице – негова роднина, а откако таа побарала да ѝ ги врати парите ја прекинал комуникацијата со неа.
Црна хроника
Инцидент во болница во Ѓорче Петров: Пациент физички нападнал вработена
Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, 56-годишната Д.Ѓ. од Скопје пријави дека околу 04:00 часот на работното место во здравствена установа на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од едно лице, кое се лекувало во установата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во Скопско: им се заканувал на ќерките, а се обидел да ја нападне сопругата, полицијата го уапси 56-годишникот
Вчера во 20:30 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 56-годишниот С.К. затоа што упатувал закани кон неговата 44-годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне, а претходно со остар предмет упатувал закани и кон нивните две ќерки и притоа оштетил дел од покуќнината во семејниот дом.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

