Црна хроника
Давид Нинов: Пресудата за ’Расколник’ е политичка и однапред донесена

Пресудата за случајот Расколник во којшто расчинетиот владика на МПЦ-ОА, Јован Вранишковски беше осуден на три години затвор, а неговите приврзаници на двегодишна условна казна политичка пресуда којашто е однапред донесена, смета Давид Нинов, припадник на Православната охридска архиепископија, црква којашто во Македонија не е призната.
„Со оглед на тоа што немаме прекршено ниту еден закон во однос на обвинението за коешто се товариме сметаме дека тоа е политичка пресуда којашто е однапред донесена. Судот денеска ја прочита“, рече Нинов.
Претходно Нинов во судницата додека судијата одлучуваше за приговор на одбраната ги нарече новинарите платеници и им порача „Ако сум јас виновен за ова, јас да умрам, ако не, вам да ви умре најмилото“. Сепак Нинов не се извини за ова, туку им порача на новинарите да бидат потранспарентни.
„Дозволете ми токму поради тоа што сум свештено лице да ви укажам, да не бидете суеверни луѓе туку да ја практикувате дејствително православната вера и да не реагирате на еден суеверен начин којшто не е карактеристичен за христијаните. Она што јас го реков беше следното, кога од некого барате на вашата правда да ви одговори со правда, кога од некого барате на вашата љубов да ви одговори со љубов , а тој ви одговара со неправда и нељубов тогаш таквиот човек самиот себеси се осудува. Единаесет години постои овој проблем со црквата во Македонија, 11 години медиумите не најдоа за потреба да организираат една јавна дебата во живо. Фридом хаус известува дека најголем дел од новинарите во Македонија се политички назначеници. Значи потрудете се и вие во духот на демократската атмосфера, во духот на почитувањето на верските права и слободи да бидете потранспарентни, поотворени, сигурен сум дека така полесно ќе најдеме заеднички јазик односно можност за дијалог без разлика на различните ставови, тие можат да бидат богатство за нашето општество“, рече Нинов./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Пукано кон маж на улица во Ѓорче Петров, МВР со детали за настанот

Доцна по полноќ, на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, две лица пукале кон А.В.(31) и му нанеле прострелна рана.
Од пукањето, како што соопшти МВР, било оштетено и едно паркирано возило „цитроен“.
„А.В. бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување помош, а увид на местото извршила екипа на СВР Скопје“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Наставничка натепала ученик во Берово

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Г.(60) од с.Смојмирово, беровско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на малолетно дете“.
„На 07.06.2023 пријавената, наставник во основно училиште во Берово, во просториите на училиштето во работно време, вербално и физички нападнала малолетник“, велат од МВР.
Црна хроника
Лица од Таџикистан и Пакистан се тепале во Тетово

Полицијата ги привеле М.Ф.(23) и А.Ш.(19) од Таџикистан и И.Т.(20) од Пакистан, кои биле пријавени дека околу 10.00 часот, во кругот на Универзитетот на Југоисточна Европа, меѓусебно физички се пресметувале.
Во пресметката, според пријавеното, учествувал и Х.Т.(21) од Пакистан, кој се здобил со повреди и бил пренесен во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош.
По целосно документирање на случајот против инволвираните, кои се студенти на овој Универзитет, ќе следуваат соодветни поднесоци, велат од МВР.