Црна хроника
Три години затвор за Вранишковски и условна за другите

Расчинетиот владика на МПЦ ОА, Јован Вранишковски, е осуден на три години затввор, а другите негови 18 роднини и приврзаници добија условни казни од две години, доколку во рок од пет години не направат друго кривично дело.
Судот го укина и притворот за Вранишковски за ова дело, но тој веќе се наоѓа во затвор за друго дело, односно осуден е за затајување на 250.000 евра од МПЦ, а актуелното обвинение го сомничи дека парите ги делел на свои приврзаници, кои ги донирале во здружението, а потоа купувале имоти.
Се товарат за перење на пари преку здружението „Анастасија“ од Нижеполе.
Вранишковски од затворот во Шуто Оризари ќе биде префрлен во Идризово на издржување на новата казна.
Вранишковски во исказот пред судот изјави дека е кривично гонет поради единството со Српската Православна Црква (СПЦ) и почитувањето на Нишкиот договор.
Архиепископот на нерегистрираната Православна Охридска Архиепископија рече дека Нишкиот договор во 2002 година го потпишале тројца епископи од МПЦ, а Вранишкоски го спровел истиот договор преку формирање автономна православна архиепископија./крај/мф/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
20-годишна девојка девојка загина во Бутел, паднала од зграда

Дваесетгодишна девојка вчера била пронајдена на плочник пред зграда на подрачје на Бутел.
Девојката со иницијали С.Д.(20) од Скопје била затекната со тешки телесни повреди здобиени при пад од зградата.
„Таа била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде на 10.06.2023 во 00.30 часот починала“, велат од МВР.
Увид бил извршен и за настанот бил известен јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Возрасен тетовец се самозадоволувал пред малолетник и се обидел да го силува

Тетовската полиција го приведе Р.Л.(41) од тетовско село.
Од МВР велат дека тој се сомничи оти се самозадоволувал пред малолетник од селото и се обидел да изврши обљуба врз него.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Дете нападнато од неколку лица во автобус на ЈСП

Дете од селото Кучевиште било нападнато во автобус на ЈСП од страна на неколку лица.
Случајот во полицијата го пријавил таткото на детето.
„На 10.06.2023 во 01.20 часот во СВР Скопје, Б.К.(44) од с.Кучевиште, скопско, пријавил дека на 09.06.2023 околу 11.30 часот во автобус на ЈСП, кој сообраќал на релација од населба Бутел кон Капиштец, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку лица“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.