Црна хроника
Крадец се обидел да нападне полицаец, но завршил со куршум во колено
Крадец се обидел да нападне полицаец со метална шипка, но завршил со куршум во десната надколеница, соопшти МВР.
Синоќа 45 минути по полноќ било пријавено дека непознати лица крадат во продавницата „Пикс Плус“ на улица Народен фронт во скопската населба Капиштец.
Полицијата отишла на местото на грабежот и таму затекнале еден од крадците како излегува од продавницата и со метална шишка се обидел да удри еден од полицајците.
Но полицаецот испукал кон крадецот еден куршум во десната надколеница. Дваесет и шестгодишното момче било пренесено во Ургентен центар, а полицијата работи на расчистување на случајот./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пиштол и куршуми пронајдени кај жител на Зајас: поднесена кривична пријава
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Ф.З.(82) од селото Зајас, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Имено, на 18.08.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во селото Зајас, при што биле пронајдени и одземени пиштол со калибар 9 мм и 38 куршуми со калибар 9 милиметри.
Црна хроника
Охриѓанец претепал 34-годишна жена и нејзиниот малолетен син
Синоќа во Охрид во 17:37 часот, на улица „7 Ноември“ Ф.И(38) физички ја нападнал Н.Н.(34) и нејзиниот малолетен син, сите од Охрид.
Полицијата информира дека по целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Починат охриѓанец пронајден во помошна просторија од куќа
Вчера во 13:51 часот во СВР Охрид е пријавено дека во помошна просторија од куќа на улица „Јане Сандански“ во Охрид бил пронајден починат И.А.(75) од Охрид.
Смрт без траги на насилство, констатирал лекар од Итната медицинска помош во Охрид а увид на местото извршија полициски екипи и јавен обвинител по чија наредба, телото е предадено на обдукција, соопшти полицијата.

