Црна хроника
Пресуда за насилните протести за поддршка на Талат Џафери
Во петок се очекува да биде соопштена пресудата за насилните протести што се случија во март за поддршка на тогаш избраниот министер за одбрана Талат Џафер.
За инцидентите на протестите на коишто беше запален автобус и беа искршени автомобили и автобуски постојки обвинети се 17 лица за учество во толпа што ќе стори кривично дело.
Обвинетиот за палењето на автобусот во судот негираше дека сторил такво нешто, а другите обвинети исто така негираа дека учествувале во било какви нереди иако судијката им покажуваше слики.
Протестите за поддршка на Џафери беа организирана веднаш по протестите против изборот на Џафери за министер за одбрана./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

