Црна хроника
Во кучиња пренесувале дрога од Мексико во Италија
Јужноамериканските нарко картели чии бази се во Милано користеле кучиња за транспорт на кокаин од Мексико во Италија, објави во вторникот италијанската полиција, напомнувајќи дека при вадењето на дрогата се убиени 48 песа.
Кучињата биле принудувани да проголтаат пластични пакети со дрога и ги испраќале во Италија со авионите коишто главно слетувале на миланскиот аеродром Линате. Пакетите биле облепени со црни лепливи ленти за да ги измамат безбедносните контроли на аеродромите.
По пристигнувањето на дестинацијата, дрогата од кучињата била извлекувана така што биле распорувани,
Италијанскиот суд во вторникот нареди апсење на 49 осомничени, на кои ќе им се суди по забрзана постапка, соопшти портпаролот на миланската полиција.
Неколку италијански здруженија за заштита на животните, огорчени од ваквите откритија, изразија поддршка за акцијата на полицијата.
Овој начин на транспорт на дрогите често предизвикува смрт на кучињата и пред да стасаат на дестинацијата, бидејќи и најмало количество кокаин што ќе излезе од пакетот во кучињата може да биде смртоносна./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.