Црна хроника
Украден накит до два милиона евра во Париз
Засега неидентификувани крадци ограбиле накит чија вредност се проценува меѓу еден и два милиона евра, објавија париските медиуми повикувајќи се на своите полициски извори.
Кражбата, којашто официјално се` уште не е потврдена, се случила викендов во еден приватен дом на улицата Вин во 16-от арондисман на Париз.
Според полициските извори, непознатите крадци откако ги скршиле прозорците, влегле во апартманот кој се наоѓал на првиот кат од станбена зграда, во кој живеел претставник на компанија за изработка на накит.
Крадците го одзеле малиот сеф во кој се чувале скапоценостите, а потоа незабележани побегнале од местото на злосторството. Истрагата за грабежот му е доверена на одделот за борба против бандитизмот на париската полиција./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

