Црна хроника
Еден мигрант убиен, тројца повредени кај Табановце
Еден мигрант е убиен, а уште тројца се повредени синоќа околу два часот во меѓусебна престрелка што се случила кај граничниот премин Табановце, соопштуваат од МВР.
Инцидентот го пријавил некој од мештаните кој два часа полноќ видел групна тепачка, слушнал викотници и пукање. Полицијата на лице место пронашла еден мртов мигрант и тројца ранети.
Дел од медиумите јавија дека е починат уште еден од мигрантите, но засега од МВР немаат таква информација.
Според информациите од МВР, се работи за мигранти кои сакале илегално да ја преминат границата и да одат во Србија, при што биле пресретнати од неколку лица кои од огнено оружје пукале кон нив.
На повредените лица им е укажана лекарска помош во Ургентен центар Куманово од каде поради карактерот на повредите се пренесени во Клинички центар Скопје.
Се уште не се знае идентитетот на убиениот и повредените, а увидот на лице место се уште трае. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.