Црна хроника
Џепчија фатен на дело
Скопската полиција во неделата соопшти дека поднела пријава против едно лице поради основано сомнение дека на 16 овој месец на автобуска постојка пред ТЦ “Мавровка“ извршил кривично дело – “џепна кражба“.
Пријавениот И.А. (42) околу 12,15 часот на автобуска постојка пред Т.Ц. Мавровка, додека оштетениот Р.М. од село Бојане се качувал во автобус бр. 56, со протнување рака во неговиот заден десен џеб од фармерките му го одзел паричникот.Меѓутоа истовремено пријавениот бил забележан од оштетениот по што настанала турканица во обид оштетениот да си го поврати новчаникот.Пријавениот И.А. од страна на ПС од одделот за џебни кражби бил опсервиран и од нивна страна забележан како одземениот новчаник го сокрил во неговата кошула која ја носел префрлена преку левата рака по што истиот е фатен и приведен во ПС ОН ,,Бит Пазар“ каде е извршен службен разговор. Со потврда за привремено одземени предмети од пријавениот И.А. се одземени еден машки новчаник кафеава боја, 400 денари, лична карта, возачка дозвола, италијанска дозвола за престој сите на име на оштетениот, и друга лична карта и истите со потврда за вратени предмети се вратени на оштетениот Р.М. Со наредба од Истражен судија за вршење на претрес на дом и други простории, извршен е претрес во домот на пријавениот И.А., при што од извршениот претрес не се пронајдени предмети кои потекнуваат од кривични дела.Лицето И.А. минува во крим евиденциите на СВР Скопје за извршени повеќе кривични дела ,,кражби“ по чл. 235 од КЗ на РМ, при што му се изречени парични казни како и казни – затвор. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен 15-годишник во делчевско по пријава за обљуба врз малолетничка
На 28 февруари 2026 година во 14:30 часот во делчевско, полициски службеници од ОВР Делчево лишиле од слобода 15-годишник, постапувајќи по претходна пријава од 17-годишна малолетничка.
Според пријавата, откако претходно се договориле да се сретнат, тој извршил обљуба врз неа.
За настанот бил известен јавен обвинител, како и Центарот за социјална работа, а известен бил и родител на малолетникот. Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Црна хроника
Пронајдена граната од Првата светска војна во битолско село
На 28 февруари 2026 година во 09:40 часот во СВР Битола, П.С. од село Добромири, битолско, пријавил дека во дворното место пронашол стара граната.
По пријавата, на местото излегол пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување, кој безбедно ја подигнал гранатата. При извршената проверка било утврдено дека станува збор за минофрлачка граната од 75 милиметри, која потекнува од Првата светска војна.
Надлежните апелираат до граѓаните доколку пронајдат сомнителни експлозивни направи веднаш да ги пријават во полиција и да не ги допираат.
Црна хроника
Тешко повреден 17-годишен мотоциклист во сообраќајка во Битола
На 28 февруари 2026 година во 14:42 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата меѓу улиците „Македонски Гемиџии“ и „Индустриска“ во Битола се случила сообраќајна несреќа меѓу товарно возило мерцедес со битолски регистарски ознаки и мотоцикл лонгиа, исто така со битолски ознаки.
Товарното возило го управувал З.В. (42) од Битола, додека мотоциклот го управувал 17-годишник од Битола.
Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.

