Црна хроника
Вкупно 27 кражби на македонски регистерски таблици во Грција
Во изминатиов период се случиле вкупно 27 кражби на македонски регистерски таблици во Грција, повеќето во Ханиоти и Неа Пори.
Последните две кражби се случиле на 24 и 25 овој месеци кога двајца македонски државјани останале без регистерски таблици во Ханиоти. Едните биле кумановски, другите струмички регистерски таблици.
Кражбите зачестија со почетокот на туристичката сезона. „Во изминатиот период заклучно со овие два случаи вкупно од страна на нашата гранична полиција евидентирани се 27 одземања на регистарски таблички од кои повеќето се украдени пред се во Ханиоти (12) и Неа Пори (5). На 18 возила им се украдени и двете регистарски таблички а на останатите 9 по една“ соопштуваат о МВР.
Од вкупниот број случаи – 18 се пријавени од страна наши државјани и на грчката полиција, но досега МВР нема добиено никаква информација од грчките колеги за случаите.
Покрај ова регистрирани се и четири случаи на оштетувања на возила односно на задната табличка на возилото, пришто со црн спреј била избришана ознаката „МК“ и во некои случaи било напишано „ГР“.
Петнаесет од македонските граѓани кои пријавиле кражба или оштетување се од Скопје, а останатите од повеќе други градови од државава. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пронајдена дрога во тетовско, уапсени две лица
Вчера во 23:30 часот во с.Боговиње, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане ги лишија од слобода Б.А.(20) и Ф.А(20) двајцата од с.Боговиње.
При преглед на патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсени двајца малолетници од Скопје, не застанале на полициска патрола, со мотоцикл удриле полицаец
Ноќеска во 00:45 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода и приведоа двајца 16-годишници од Скопје.
При вршење службени дејствија, околу 00:10 часот на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, полициски службеници забележале мотоцикл без регистарски ознаки, кој го управувал еден од малолетниците, но тој не застанал на знак за запирање, по што со мотоциклот удрил во еден полициски службеник и му нанел повреди.
Набргу, по преземени мерки мотоциклот е запрен и тие се фатени, при што малолетниот сопатник агресивно се однесувал кон полициските службеници.
По целосно документирање на случајот, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Топ
Работник од Дебар загина по несреќа на градилиште, починал на пат кон болница
Работник од Дебар го загуби животот по несреќа на градилиште што се случила вчера претпладне.
Како што било пријавено во ОВР Дебар околу 11:35 часот од Итната медицинска помош, 40-годишниот С.К. од Дебар починал на пат кон болницата во градот. Според информациите, околу 11:15 часот тој паднал од зграда во изградба на улицата „Братство единство“ во Дебар, каде што бил ангажиран на работа.
По несреќата, повредениот бил пренесуван кон болницата, но им подлегнал на повредите за време на транспортот.
На местото на настанот излегле трудов инспектор и јавен обвинител, а по нивна наредба телото на починатиот е предадено на обдукција. Увид на локацијата извршила екипа од ОВР Дебар.

